Лед зепелин (; во Македонија грешно позната и како Лед цепелин) — англиска рок-група основана во 1968 година составена од гитаристот Џими Пејџ, пејачот Роберт Плант, тапанарот Џон Бонам и басистот Џон Пол Џонс. Со својот тежок гитарски блуз-рок звук, Лед зепелин често се ословуваат како зачетници на музичките правци хеви-метал и хард-рок, иако индивидуалистичкиот стил на групата потекнува од многу извори и и ги надминува сите останати жанрови. Лед зепелин не издаваа песни како синглови од своите албуми во Британија, бидејќи претпочитаа да развијат концепт на „рок ориентиран на албуми“. По повеќе од 30 години од распаѓањето на Лед зепелин поради смртта на Џон Бонам во 1980 година, тие продолжуваат да бидат високо ценети за нивните уметнички достигнувања, комерцијален успех, и широко влијание. Групата продаде над 200 милиони албуми во светот според некои извори, додека други извори велат дека продале повеќе од 300 милиони копии, вклучувајќи 111,5 сертификувани примероци во САД, правејќи ги една од најдобро продаваните мизички артисти на сите времиња, како и втор најпродаван бенд на сите времиња во САД. Сите нивни оригинални студиски албуми се пробиваа на Топ 10 списокот на албуми во САД, од кои шест го достигнаа првото место. Списанието Ролинг стоун ги опиша Лед зепелин како „најтешкиот бенд на сите времиња“, најголемиот бенд во 70-тите години и „несомнено еден од најиздржливите бендови во историјата на рок-музиката“. Слично на ова, Рокенрол Холот на Славните, во 70-тите години ја опиша групата дека била „исто толку влијателна во таа деценија како што биле Битлси во претходната“. Во 2007 година, живите членови на Лед Зепелин повторно се обединија (заедно со синот на Џон Бонам, Џејсон) за концертот во чест на Ахмет Ертегин во O2 Арената во Лондон. На групата и беше доделена награда за „Најдобар настап во живо“ за нивното еднократно обединување на МОЏО наградите во 2008 година, каде што беа прогласени за „најдобра рокенрол група на сите времиња“.
Основање Во 1966 година, Џими Пејџ се придружи на рок групата која беше под влијание на блуз, The Yardbirds за да го замени басистот Пол Семвел-Смит. Кратко потоа, Пејџ се префрли од бас на водечка гитара, создавајќи двојна мелодија на водечки гитари заедно со Џеф Бек. По заминувањето на Бек во октомври 1966 година, Јардбирдс, кои беа изморени од постојано одење на турнеи и снимање, започнаа да се опуштаат. Пејџ сакаше да направи супер група во која ќе бидат самиот тој и Бек на гитари, тапанарот на Д Ху, Кит Мун, и басистот Џон Ентвисл. Исто така за проектот се сметаше и на вокалистите Стив Винвуд и Стив Мериот. Групата никогаш не се оформи, иако Пејџ, Бек и Мун снимија заедничка песна во 1966 година, „Beck's Bolero“, која се наоѓа на албумот на Бек од 1968 година, Трутх. Снимањето исто така го вклучуваше и басистот Џон Пол Џонс, кој му кажа на Пејџ дека би бил заинтересиран за соработка на идни проекти.
Јардбирдс за последен пат свиреа во јули 1968 година на Лутон Колеџот за Технологија во Бедфордшир, Англија. Сè уште требаше да настапат на неколку концерти во Скандинавија, па тапанарот Џин Мек Карти и вокалистот Кит Релф ги овластија Пејџ и басистот Крис Дрежа да го користат името Јардбирдс со цел да се исполнат обврските на групата. Пејџ и Дрежа почнаа да склопуваат нов состав. Првиот избор на Пејџ за главен пејач, Тери Рајд, ја одби понудата, но го предложи Роберт Плант, пејач од Стаурбриџ од групата Band of Joy. Најпосле Плант го прифати местото, предлагајќи го за тапанар, Џон Бонам од блискиот Редич. Кога Дрежа се откажа од проектот за да стане фотограф (подоцна ја сликаше групата и сликата се појави на задната страна од првиот албум на Лед Зепелин), Џон Пол Џонс, на предлог од својата жена, контактираше со Пејџ во врска со празното место. Познавајќи ги квалификациите на Џонс, Пејџ се согласи да го внесе Џонс како последен дел.
Групата за првпат свиреше во една просторија под продавница за плочи на Џерард Стрит во Лондон. Пејџ предложи да се обидат да ја отсвират „Train Kept A-Rollin“, рокабили песна популаризирана од Џони Барнет, на која Јардбирдс и вдахнаа нов живот. „Само што го слушнав Џон Бонам како свири“, се сеќава Џонс, „знаев дека ова ќе биде одлично... веднаш се склопивме како тим“. Кратко потоа, групата настапи заедно на последниот ден на сесијата за албумот на П. Џ. Проби, Три Вик Хиро. Песната од албумот, „Џимс Блуз“ беше првата студиска песна која ги вклучуваше сите четворица членови на идните Лед Зепелин. Проби се сеќава: „На последниот ден откривме дека имаме малку време за во студио, па ја замолив групата да свири деодека мене ми текнуваа зборови... тие не беа Лед Зепелин во тоа време, тие беа Новите Јардбирдс и ќе станеа моја група“.
Групата ја заврши турнејата во Скандинавија под името Новите Јардбирдс, свирејќи заедно за првпат пред публика во живо во Гладсакс тин Клабс во Гладсакс, Данска, на 7 септември 1968 година. Подоцна, во тој месец групата започна со снимање на својот прв албум, кој беше основан на нивните настапи во живо во тоа време. Албумот беше снимен и измиксан за период од девет дена, за кој Пејџ ги сносеше сите трошоци самиот. По завршувањето со албумот, групата беше приморана да го смени името откако Крис Дрежа објави писмо за престанок, велејќи дека на Пејџ му било дозволено да го користи името Новите Јардбрдс само за турнејата во Скандинавија. Едно образложение за името на групата е дека Кит Мун и Џон Ентвисл, тапанарот и басистот на The Who, соодветно, укажаа дека можна супер група вклучувајќи ги нив, Џими Пејџ и Џеф Бек, би паднала како „оловен балон“, традиционална шега која опишува катастрофални резултати. Групата намерно ја испушти буквата „a“ од lead (англиски за „олово“), по препорака на нивниот менаџер, Питер Грант, за да ги спречи „тапоглавите Американци“ да го изговараат „лид“ (англиски за „водечки“, „води“ или „предност“). Зборот „балон“ беше трансформиран во „цепелин“ (на англиски се изговара „зеп’лин“), можеби преувеличување на хуморот, а за Пејџ името значеше совршена комбинација на тешко и лесно, оган и блаженство.
Грант исто така обезбеди договор за групата од 200 000 долари од Атлантик рекордс во ноември 1968 година, во тоа време најголемиот договор од таков вид за нова група. Атлантик беше издавачка куќа позната по блуз, соул и џез артисти, но во доцните 60-ти години започна да се интересира за напредните британски рок изведби, и потпишаа со Лед Зепелин уште пред да ги видат, најмногу на препорака на пејачката Дасти Спрингфилд. Под условите на договорот гарантирани од Грант, самата група може да одлучува кога ќе издадат албум или кога ќе одат на турнеја, како и да го имаат последниот збор за содржината и дизајнот на секој албум. Тие исто така решаваат за тоа како да ги промовират своите синглови (ако воопшто го прават тоа), и основаа своја компанија, Суперхајп, да се справат со сите издавачки права.
Рани години (1968–70) Групата официјално изјави дека го менува своето име во „Led Zeppelin“ на 14 октомври 1968 година, а својот прв настап под тоа име го имаа на 25 октомври на Универзитетот Сареј во Гилдфорд. По ова следуваше прв концерт во САД на 26 декември 1968 година пред да се преселат на западниот брег за настапи во Лос Анџелес и Сан Франциско. Led Zeppelin беше издаден во САД на 12 јануари 1969 година, за време на турнејата. Не се појави во нивната родна Британија сè до 31 март 1969 година. Мешавината на албумот од блуз, фолк и источни влијанија со искривени амплификации го направија еден од главните албуми во создавањето на хеви метал музиката. Плант изјави дека не е фер луѓето да го сметаат Лед Зепелин за хеви метал бенд, бидејќи една третина од нивната музика е акустична. На првиот албум Плант не доби заслуга за своите придонеси за пишувањето текстови, како резултат на неговата претходна поврзаност со Си-Би-Ес Рекордс. До 1975 година албумот заработи 7 милиони долари. thumb|left|Плант и Пејџ настапуваат на Монтро Џез Фестивалот во март 1970 година.
Во својата прва година, Лед Зепелин успеаја да завршат четири концертни турнеи во САД и четири во Британија, а исто така го издадоа и својот втор албум, насловен Led Zeppelin II. Снимен речиси целосно за време на турнејата, во неколку студија во Северна Америка, вториот албум беше дури поголем успех и го достигна првото место на листата за најдобри албуми во САД и Британија. Групата подоцна разви идеи врз основа на својот прв албум, создавајќи труд кој стана дури пошироко прифатен и наводно повлијателен. Се велеше дека Led Zeppelin II во голема мера го направил нацртот којшто хеви метал групите го следат.
По излегувањето на албумот, Лед Зепелин комплетираа уште неколку турнеи во САД. Најпрво свиреа во клубови и сали за танцување, потоа во поголеми сали како што растеше нивната популарност. Некои од првите концерти на Лед Зепелин траеја повеќе од четири часа, со продолжени, импровизирани верзии во живо од својот репертоар на песни. Многу од овие настапи се зачувани како пиратски снимки на Лед Зепелин. Исто така во овој период на напнати турнеи, групата разви репутација на ексцеси зад сцената. Еден пример на ваква екстравагантност се вели дека се случил во Еџвотер Ин во Сиетл, Вашингтон на 28 јули 1969 година.
За композицијата на нивниот трет албум, Led Zeppelin III, Пејџ и Плант се повлекоа во Брон-Ир-Аур, запуштена куќичка во Велс, во 1970 година. Резултатот беше повеќе акустичен под силно влијание на народната и келтската музика, и ја откри разновидноста на групата. Богатиот акустичен звук на албумот на почетокот доби измешани реакции, со многу изненадени критичари и обожаватели поради скршнувањето на групата од главно електричните композиции на првите два албуми. Со време, нивната репутација се зголеми а Led Zeppelin III сега е општо прифатен. Првата песна од албумот, „Immigrant Song“, беше издадена во ноември 1970 година од Атлантик Рекордс како сингл против желбите на групата. Ја вклучуваше нивната единствена песна која не е од албумот, „Хеј Хеј Ват Кен Ај Ду“. Дури иако групата своите албуми ги гледаше како неделиви, целосно искуство за слушање, и новниот менаџер Питер грант, одржуваше про-албумски став, некои синглови беа издадени без нивна согласност. Групата исто така се противеше многу на телевизиско појавување, претпочитајќи нивните обожаватели дад ги слушаат и гледаат во живо на концерти.
Врв на успехот (1971–7975)
thumb|Четирите симболи на логото и внатрешната страна од The four symbols on the label and inside sleeve of Led Zeppelin IV, претставувајќи ги Пејџ, Џонс, Бонам и Плант.
Лед Зепелин беа една од најуспешните комерцијални и влијателни групи во 70-тите години. Популарноста на во почетните години на групата беше засенета од нивниот успех во средината на 70-тите години,и во овој период тие продолжуваат да се дефинираат. Имиџот на групата исто така се смени, како што членовите почнаа да носат пренатрупана, светкава облека. Лед Зепелин почнаа да патуваат со приватен авион (наречен Старшип), ги изнајмуваа целите оддели од хотелите (вклучувајќи го Континентал Хајат Хаус во Лос Анџелес, секојдневно познат како „Куќа на Вревата“), и станаа предмет на многу повторливи рок приказни за неморалност. Една лудорија беше како Џон Бонам вози мотор на изнајмен спрат во Куќата на Вревата, додека друга лудорија беше уништување на соба во хотелот Хилтон во Токио, предизвикувајќи групата да добие забрана за престој таму, засекогаш. Иако Лед Зепелин стекнаа репутација на демолирање на хотелските апартмани и фрлање на телевизори низ прозорците, некои велат дека овие приказни се на некој начин претерани. Музичкиот новинар крис Велч вели дека „Патувањата на Лед Зепелин создадоа многу приказни, но беше мит тоа што тие постојано беа вмешани во дела на неодговорно уништување и вулгарно однесување“.