Женско (, Гинекокастро) — средновековна тврдина (утврден град) над истоименото село Женско во Кукушко, Егејска Македонија, денес во Грција. Преданието вели дека го добила името поради тоа што била толку силно утврдена, што можеле да ја бранат жени.
Историја Местото уште многу одамна служело како населба, веројатно поради возвишената положба. На јужните и југоисточните падини на ридот се најдени населба и некропола од железно време. Ова наоѓалиште во 1994 г. е прогласено за заштитено културно-историско наследство.
Тврдината е изградена од византискиот цар Андроник III Палеолог, најверојатно во 1334 г. со промената на византиско-српската граница. Имала за цел да го штити Солун од нападите на српската држава која била во подем.
За време на Византиската граѓанска војна (1341–1347) во 1342 г. во Солун избувнал антиаристократскиот бунт на Зилотите. По раскажувањето на византискиот цар-совладетел и историчар Јован Кантакузин, неговиот близок пријател, управникот на Солун Теодор Синадин пребегнал во утврдениот град Женско заедно со ред благороднчки семејства, броејќи вкупно околу 1000 луѓе. Истата година во Женско пристигал и самиот Јован Кантакузин заедно со двајцата синови Мануил и Матеј и армијата од каталонски наемници на чело со Жоан Пералта. Летото таа година Кантакузин склучил договор со српскиот цар Стефан Душан, но и покрај српската поддршка, не успеал да си го поврати Солун и го напуштил Женско, кое во 1443 г. било заземено од велевојводата Алексиј Апокавк, поддржувач на Јован V Палеолог во граѓанската војна.
Уште пред 1350 г. Женско било потчинето од Србија. Таа година за управник на силната тврдина е назначен извесен Велко.
По смртта на Стефан Душан и распадот на Српското Царство, од 1355 до 1371 г. Женско имало улога на главна тврдина на кнежевството на Богдан.Падане на българските държави под осмaнска власт, Атлас по История, МНП 1983 г. стр. 8
По Маричката битка во 1371 г. тврдината ја покорил солунскиот деспот Мануил Палеолог во име на Византија. Есента 1373 г., и покрај силниот отпор, Женско падналo во рацете на османлискиот војсководец Евренос-бег. Според истакнатиот османлиски историчар и патник Ќатип Челебија (Хаџи Калфа), одбраната ја предводела жена по име Марулија, иако веројатно ја има помешано со историската личност Марула, која раководела со одбраната на Лемнос. Ова сепак сведочи за распространетоста на мислењето за женската улога во одбраната која ѝ го дала името на тврдината.
Во османлискиот период населбата никната околу тврдината на турски се нарекувала Аврет Хисар, што е превод на името „женска тврдина“ и од XV до XVII век била седиште на вилает, а потоа и на Авретхисарската (Кукушка) каза. XVII век тврдината е напуштена и служела како извор на градежен материјал за жителите на истоименото македонско село Женско во нејзиното подножје. Во Втората балканска војна, први своето настапување, грчката војска го запалила селото, а нејзиното население пребегнало преку границата во Струмица и во Бугарија. 1923 г. во на местото на македонското население грчката држава доселила Грци доведени од Мала Азија. Овие исто така се служеле со тврдината како извор на материјал за изградба на куќите, за која цел биле поставени железни шини дури до Горниот Град.
Меѓу 1984 и 1993 г. во тврдината се извршени археолошки ископувања, востановувајќи ја средишната кула и дел од ѕидините.
Во 1987 г. тврдината е прогласена за заштитено археолошко наоѓалиште.
Опис мини|десно|250п|Тврдината од запад. Од тврдината Женско денес постојат делови од бедемот, како и ѕидините на Горниот Град со полукружни и правоаголни кули. Двокатната средишна кула на Горниот Град со двојни цистерни во подрумот е зачувана во релативно добра состојба. Се гледаат и местата на двете порти на Горниот Град — средишната (југоисточна) и една помала. Зачувани се темелите и на други градби, како и еден бунар.
Во почетокот на 1913 г. селото го посетил бугарскиот археолог и политичар Богдан Филов и напишал за тврдината:
Наводи
Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Кукуш (општина) Категорија:Појавено во 1334 година