Епископ или епарх или владика (, епископос = старешина, надзорник, старател, чувар, од епискептомаи = посматра, надзира, посетува, чува) – лице од повисок ред во хиерархијата на православната црква што раководи со свештениците во едно црковноадминистративно подрачје. Епископот е духовен достоинственик во многу христијански цркви и има духовна и административна управа на една одредена територија која опфаќа локални општини кои во православните цркви се нарекуваат парохии. Административна единица на еден епископ обично се вика епископија или епархија.

Во Новиот завет десно|мини|150px|Св. Рафаел, епископ Бруклински Во почетокот на христијанството, Господ Исус Христос ја пренел свештеничката, учителската и пастирска власт (и обврска) на апостолите и нивните наследници за сите времиња. Овие наследници на апостолската служба (кои ги поставиле самите апостоли) биле најблиските ученици на апостолите и нивни помошници во секојдневниот труд (Тимотеј, епископ Ефески и Тит, епископ Критски, биле ученици на светиот апостол Павле, а Поликарп Смирнски и Игнатиј Богоносец, ученици на светиот апостол и евангелист Јован Богослов). На тој начин востановено е преемството (наследност, наследување) меѓу апостолите и првите управители на христијанските заедници.

Токму овие црковни настојатели се наречени епископи и се одликувале со високи морални особини, длабоко познавање и проникување во христијанските догмати, како и иксуство во управување и служење на црквата. Во Новиот завет, самиот збор епископ се среќава пет пати:

1 Пет 2,25 Дап 20,28 Флп 1,1 1 Тим 3.2 Тит 1,7

Технички, во Новиот завет не постои јасно разграничување помеѓу епископот и презвитерот (свештеникот). Тоа е затоа што епископите во својата суштина се свештеници со посебно достоинство и хиротонија, од каде произлегува и нивната посебна улога во црквата. На пример, епископите ги наградуваат презвитерите и ракополагаат достојни кандидати за презвитер (1 Тим 5,17).

Првите епископи на црквата

70 ученици кои Исус Христос лично ги одбрал (Лука 10,1) биле првите епископи на црквата. Често патувале и ги менувале местата на своите седишта заради прогонот од страна на римските владетели.

Јаков, брат Христов, прв епископ на Ерусалим, устоличен лично од Исус Христос. Бил еден од столбовите на црквата (Гал 2,9). Воскреснатиот Христос му се јавил на Јаков (1 Кор 15,7) во Ерусалим каде овој живеел со браќа си и Богородица Марија (Дап 1,14). Бил многу угледен во Ерусалим и кога Свети Петар темница порачал тоа да им се јави на Јаков и браќа му (Дап 12,17). Претседелствувал со Апостолскиот собор. Заради својот свет живот бил наречен Праведен. Позната е неговата литургија која се служи еднаш годишно, на неговиот спомен-ден, 23 октомври. Марко, евангелист, син на Марија, внук на Варнава. Роден во Ерусалим. Во куќата на неговата мајка Марија, учениците се засолнале од прогонот, после вознесението на Господ Исус Христос. Им бил придружник на Свети Петар и Свети Павле и Варнава. Бил поставен за епископ на Александрија од Св. Петар. Црквата го слави на 25 април. Лука, евангелист, роден во Антиохија, по занимање лекар, а се занимавал и со сликарство. Заедно со Клеопа бил на пат за Емаус кога им се јавил воскреснатиот Христос (Лука 24,18). Напишал евангелија (по заповед на Св. Петар), 15 години после Христовото вознесение, а го упатил, како и Делата апостолски (по заповед на Св. Павле), на честитиот Теофил. Му бил придружник на Св. Павле, а по Павловата смрт, заминува во Теба во Македонија каде бил епископ на Солун. Црквата го слави на 18 октомври. Клеопа, брат на Јосиф Обручник. Го видел Христа по воскресението (Лука 24,18) на патот за Емаус. Црквата го слави на 27 април. Симеон, син на Клеопа, станал втор епископ на Ерусалим по маченичката смрт на Св. Јаков. Црквата го слави на 27 април. Варнава, бил левит со име Јосија, родум од Кипар. Го продал својот имот и ги донел парите пред апостолите (Дап 4,36-37). За време на престојот во Антиохија (Дап 11-12), заедно со Св. Павле, бил избран од Светиот Дух за остварување на Божјата промисла за проповедање меѓу незнабошците (Дап 13,2). Проповедал на Кипар и на многу места во Мала Азија. Учествувал на Апостолскиот собор во Ерусалим. Бил епископ на Милано. Црквата го слави на 11 јуни. Исус, викан Варсава, викан Јуст, син на Јосифа Обручник, кого Св. Павле го споменува во (Кол 4,11). Со Матија бил биран со коцка наместо Јуда предавникот, но не бил избран. Бил епископ на Елевтеропол. Црквата го слави на 30 октомври. Тадеј, кој по налог на Св. Тома, по Христовото вознесение, отишол во Едеса кај царот Авгар V, и го излечил од болест. Ја проповедал речта Божја во Месопотамија и Сирија. Црквата го слави на 21 август. Ананија, кој го крстил Св. Павле (Дап 9,10-18). Бил прв епископ на Дамаск. Црквата го слави на 1 октомври. Стефан, еден од седумте ѓакони (Дап 6,5), првомаченик. Настрадал од каменување, од страна на Евреите (Дап 7, 59-60). Црквата го слави на 27 декември. Филип, еден од седумте ѓакони (Дап 6,5). Го крстил Симона (Дап 8,13) и скопакот (Дап 8,38). Бил епископ на Тралија во Азија. Црквата го слави на 11 октомври. Прохор, еден од седумте ѓакони (Дап 6,5). Бил ученик на Св. Петар, и сопатник на Св. Јован. Бил епископ на Никомидија во Витинија. Црквата го слави на 28 јули. Никанор, еден од седумте ѓакони (Дап 6,5). Настрадал истиот ден како и архиѓаконот Стефан, по проповедањето на Светото евангелие. Црквата го слави на 28 јули и 28 декември. Тимон, еден од седумте ѓакони (Дап 6,5). Бил епископ на Батрија во Арабија. Црквата го слави на 28 јули и 30 декември. Пармен, еден од седумте ѓакони (Дап 6,5), умрел пред апостолите за време на Божјата служба. Црквата го слави на 28 јуни. Тимотеј Ефејски, роден во Листра во Ликаонија, од татко Грк и мајка Еврејка. Бил ученик и сопатник на Св. Павле, кој му посветил две посланици. После Павловата смрт, станал ученик на Св. Јован. По протерувањето на Св. Јован на островот Патмос, станал епископ на Ефес. Црквата го слави на 22 јануари. Тит, родум од Крит, ученик на Св. Павле, кому му е напишана посланица (Тит 1,4). Бил епископ на Гортина на Крит. Црквата го слави на 25 август. Филимон, кому Св. Павле му напишал посланица (Флм 1,1). Бил епископ на Газа и проповедал по цела Фригија. Црквата го слави на 22 ноември и 19 февруари. Онисим, Филимонов роб, кого Св. Павле го споменува во (Кол 4,9). Им помагал на апостолите сè до нивната смрт, а станал епископ на Ефес после Св. Тимотеј. Црквата го слави на 15 февруари. Епафрас, кого Св. Павле го споменува во (Фил 1,7) и (Кол 4,12-13). Бил епископ на Колос и на Лаодикиската црква и на црквата на Ерополе во Мала Азија. Во Рим бил во заробеништво со Св. Павле. Црквата го слави на 22 ноември 19 февруари. Архип, кого Св. Павле го споменува во (Флм 1,2). Бил епископ на Колос во Фригија. Го ракоположил во чин епископ Филимон. Црквата го слави на 22 ноември и 19 февруари. Сила, го проповедал Евангелието заедно со Св. Павле (Дап 15,22). Бил епископ на Коринт. Црквата го слави на 30 јули. Силван, кој се споменува во (1 Пет 5,12) и (2 Кор 1,19). Бил епископ на Солун. Црквата го слави на 30 јули. Крискент, кого Св. Павле го споменува во (2 Тим 4,10). Бил епископ на Галатија, после проповедал во Галија, го ракоположил Захарија за епископ на Виена. Настрадал при враќањето во Галатија. Црквата го слави на 30 јули. Крисп, кого Св. Павле го споменува во (1 Кор 1,14). Бил епископ на Халкидон во Галилеја. Црквата го слави на 30 јули. Епенет, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,5). Бил епископ на Картагина. Црквата го слави на 30 јули. Андроник, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,7). Бил епископ на Панонија, но со Јунија проповедал по цела Панонија. Црквата го слави на 17 мај и 30 јули. Стахиј, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,9). Кога Св. Апостол Андреј дошол во Аргирополе, го устоличил како епископ на Византија. Црквата го слави на 31 октомври. Амплиј, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,8). Бил епископ на Диоспол. Црквата го слави на 31 октомври. Урбан, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,9). Бил епископ на Македонија. Црквата го слави на 31 октомври. Наркис, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,11). Бил епископ на Атина. Црквата го слави на 31 октомври. Апелиј, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,10) (1 Кор 1,12) (1 Кор 3) (1 Кор 4,6) (1 Кор 16,12). Бил епископ на Ираклион во Тракија. Црквата го слави на 31 октомври. Аристовул, брат на Варнава, роден на Кипар. Св. Павле го споменува во (Рим 16,10). Бил епископ на Британија. Црквата го слави на 31 октомври и 16 март. Иродион, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,11). Бил епископ на Неопатрија. Настрадал во Рим заедно со Св. Петар и Павле. Црквата го слави на 8 април и 10 ноември. Агав, кој се споменува во Делата апостолски (Дап 11,28; 21,10). Имал дарба за пророштво. Настрадал во Ерусалим, каменуван од страна на Евреите. Црквата го слави на 8 април. Руф, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,13). Бил епископ на Тува Јеладска. Црквата го слави на 8 април. Асинкрит, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,14). Бил епископ на Ирканија во Мала Азија. Црквата го слави на 8 април. Флегонт, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,14). Бил епископ на Маратон во Тракија. Црквата го слави на 8 април. Јерма (Хермес), кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,14). Бил епископ на Филипополе во Тракија. Црквата го слави на 5 ноември и 31 мај. Патров, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,14). Бил епископ на Неапол. Црквата го слави на 5 ноември. Ерм, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,14). Бил епископ на Далмација. Црквата го слави на 8 април. Лин, кого Св. Павле го споменува во (2 Тим 4,21). Бил епископ на Рим, после Свети Петар. Црквата го слави на 5 ноември. Гај, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,23). Бил епископ на Ефес, после Тимотеј. Црквата го слави на 5 ноември. Филолог, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,15). Устоличен бил како епископ на Синоп од страна на Св. Андреја Црквата го слави на 5 ноември. Лукиј, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,21). Бил епископ на Лаодикија во Сирија. Црквата го слави на 10 септември. Јасон, роднина на Св. Павле, роден во Тарса. Св. Павле го споменува во (Рим 16,21). Бил епископ на Тарс. Црквата го слави на 28 април. Сосипатар, роднина на Св. Павле, роден во Ахаја. Св. Павле го споменува во (Рим 16,21). Бил епископ на Иконија. Црквата го слави на 28 април и 10 ноември. Олимп, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,15). Настрадал во Рим заедно со Св. Петар и Павле. Црквата го слави на 10 ноември. Тертиј, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,22). Бил втор епископ на Иконија после Сосипатар. Црквата го слави на 30 октомври и 10 ноември. Ераст, кого Св. Павле го споменува во (Рим 16,23). Бил благајник на црквата во Ерусалим, а после епископ на Панеада. Црквата го слави на 10 ноември. Кварт, кого Св. Павле го споменува во(Рим 16,23). Бил епископ на Бејрут. Црквата го слави на 10 ноември. Евод, кого Св. Игнатиј го споменува во Посланицата на Антиохјаните и им изрекува голема пофалба. Бил ученик на Св. Петар и наследник на епископскиот престол на Антиохија (57–68). Ги напишал делата: За Светото семејство, Светлата кои се уништени за време на прогонот на христијаните. Настрадал во Антиохија на 7 септември 68 година, за време на престојот на царот Веспазијан во тој град. Црквата го слави на 7 септември. Онисифор, кого Св. Павле го споменува во (2 Тим 1,16; 4,19). Бил епископ на Кир во Сирија. Црквата го слави на 7 септември и 8 декември. Климент, кого Св. Павле го споменува во Посланието на Филибланите (Фил 4,3). Бил епископ на Сардика во Мала Азија. Црквата го слави на 25 ноември. Состен, кого Св. Павле го споменува во (1 Кор 1,1). Бил епископ на Колофон во Мала Азија. Црквата го слави на 8 декември. Аполос, кого Св. Павле го споменува во (Дап 18,24-25). Бил епископ на Смирна, пред Св. Поликарп. Црквата го слави на 10 септември и 8 декември.