мини|десно|250п|Макета на Ханојската кула со осум дискови мини|десно|250п|Анимација на оптимално решение на Ханојската кула со четири диска
Ханојска кула, позната и како Брамина кула или Лукасова кула — матеиатичка игра или загатка. Се состои од три дрвени стапчиња и бројни дискови со различна големина кои може да се поместуваат од едно на друго стапче. На почетокот од загатката, куп од сите дискови е поставен во опаѓачки редослед во облик на конус (или „кула“) на едно стапче, така што дискот со најголем пречник е најдолу, а оној со најголем пречник најгоре. Главна цел на загатката е да се помести купот од сите дискови од едно стапче на друго, а притоа да се почитуваат следниве правила: само еден диск може да биде поместен со секој потег; секој потег се состои од поместување на горниот диск од еден куп кон врвот на друг куп или на дното на празно стапче; и не може да се случи диск да се помести врз друг диск со помал пречник.
Со три диска, загатката може да се реши во 7 потези. Оптималниот, т.е. најмалиот, број на потези за решавање на загатката изнесува 2n − 1, каде што n е бројот на дискови.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Разонодна математика Категорија:Загатки