мини|десно|250п|Карта на Кенигсберг во Ојлерово време на којашто се истакнати реката Прегел и седумте мостови со нивната вистинска местоположба

Седум мостови на Кенигсберг — математичка загатка и еден од позначајните историски проблеми во математиката. Отсуството на решение утврдено од страна на Леонард Ојлер во 1736 годинаEuler, Leonhard (1736). "Solutio problematis ad geometriam situs pertinentis". Comment. Acad. Sci. U. Petrop 8, 128–40. довело до поставување на основите на теоријата на графови и ја претскажала идејата за математичката гранка денес позната како топологија.

Градот Кенигсберг во Прусија (денес Калининград, Русија) бил сместен на двата брега на реката Прегел, во којашто се наоѓаат два големи острови — Кнајпхоф и Ломзе — коишто биле поврзани еден со друг или со крајбрежните делови на градот со седум мостови. Проблемот се состои во осмислување на прошетка низ градот, така што секој од мостот ќе биде преминет само еднаш. Притоа, за неприфатливо решение на проблемот се смета она коешто вклучува: пристигнување до остров или крајбрежен дел на градот без да се премине преку мост; или пристапување на било кој мост без да се премине преку неговиот друг крај.

Ојлер докажал дека проблемот нема решение. Тешкотијата со која се соочил бил развојот на соодветна техника на анализа и на последователните тестови кои го воспоставиле тврдењето со математичка строгост.

Поврзано Проблем со три чаши Проблем со три бунари Ојлеров пат Хамилтонов пат

Наводи

Надворешни врски

Ојлеровата оригинална статија Kaliningrad and the Konigsberg Bridge Problem на Convergence The Bridges of Königsberg How the bridges of Königsberg help to understand the brain Euler's Königsberg's Bridges Problem на Math Dept. Contra Costa College Pregel — алатка именувана по проблемот

Категорија:Загатки Категорија:Нерешливи загатки Категорија:Математички проблеми