Нибелунзи (Die Nibelungen) — два неми фантазиски филмови, дела на австрискиот режисер Фриц Ланг од 1924 година насловени како: Нибелунзи: Зигфрид и Нибелунзи: Кримхилдовата одмазда.

Сценаријата за двата филма биле соавторство на Ланг и тогашната негова сопруга Теа фон Харбоу, засновани на епот Песна за Нибелунзите напишана околу 1200 година. Во Британија Нибелунзите својата премиера ја имал во Кралската сала Алберт во Лондон, каде се одржале четириесет прикажувања во периодот меѓу 29 април-20 јуни 1924 година.http://catalogue.royalalberthall.com/Record.aspx?src=CalmView.Performance&id=Obyv_Giraimeax&pos=1 Во САД Зигфрид нил прикажуван на 25 август 1925 година, со премиера при Вековниот театар во Њујорк со краткоживотниот процес на нанесување на звук фонофилм. Кримхилдината одмазда во САД имала премиера во 1928 година.

Заплет Нибелунзи: Зигфриед

Нибелунзи: Кримхилдината одмазда

Улоги Паул Рихтер како кралот Зигфрид Ксантенски Маргарет Шен како Кримхилда Бургундска Ханс Алберт Шлетов како Хаген Троњски Теодор Лос како кралот Гунтер Бургундски Хана Ралф како кралицата Брунхилда Исенландска Рудолф Клајн-Роге како кралот Ецел Бернард Гецке како Фолкер Алцејски Рудолф Ритнер како Марграв Ридигер Бехларнска Георг Јон како златарот Миме/ џуџето Алберих / Блаодел (Ецеловиот брат) Гертруда Арнолд како кралицата Уте Бургундска, Гунтеровата мајка Ханс Карл Милер како Геренот Бургондски, Гунтеровиот брат Ервин Бисвангер како Гиселхер Бург, Гунтеровиот брат Фриц Алберти како Дитрих Бернски Георг Аугуст Кох како Хилдебранд, Дитриховиот слуга Ани Ретген како Дитлинд Бехларн Фрида Рихард како Рунемагд, куртизана во Бургундскиот двор Георг Јуровски како свештеникот во Бургундскиот двор

Прием Во 2010 година, филмскиот критичар Леонард Малтин му додели на филмот четири од можни четири ѕвезди, нарекувајќи го „епско мајсторско дело“. Во неговата критика тој запиша, „Вистинско богатство од фолклор и магија, во кое Ланг создава мистичен геометриски универзум во кој глумците глумат во бројните архитектонски пејзажи.“

Наводи

Надворешни врски

Die Nibelungen at SilentEra

Категорија:Филмови од 1924 година Категорија:Филмови на Фриц Ланг Категорија:Германски филмови Категорија:Филмски серии