Валтер Ратенау (германски: Walther Rathenau; 1867-1922) - германски индустријалец и политичар. мини|Валтер Ратенау Животопис Ратенау бил директор на картелот за електрична енергија, а за време на Првата светска војна бил главен снабдувач на набавките на суровини за германското министерство на војната. По завршувањето на војната, тој објавил многу влијателен памфлет во кој се залагал за продолжување на военото планирање на германската економија и во мирновременски услови. Како прогресивен интернационалист и Евреин, тој бил убиен во атентат во 1922 година, наскоро по неговото именување за министер за надворешни работи.F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 186-187.
Наводи
Категорија:Германски индустријалци Категорија:Германски стопанственици Категорија:Германски политичари Категорија:Германски министри за надворешни работи Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Починати во 1922 година Категорија:Починати во Берлин Категорија:Германски Евреи Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Стразбуршкиот универзитет