Азербејџански национален музеј за уметност () — најголем ликовен музеј во Азербејџан. Основан е во 1936 година во Баку и во 1943 година бил именуван според Рустам Мустафајев, истакнат азербејџански сценарист и театарски уметник. Музејот се состои од две згради една до друга. Музејската колекција вклучува 15.000 уметнички дела. Изложени се како постојана постановка повеќе од 3.000 експонати во 60 соби. Околу 12.000 експонати се чуваат складирани. Музејот ги менува изложбите периодично, на начин што е можно поголем број на експонати да бидат изложени. Моментално, музејот е со местоположба во две згради кои се изградени во век.
Историја
Изложби
Архитектура
Збирка на стара и средновековна уметност во Азербејџан Во оваа колекција се вклучени дела од стариот и среден век, вклучувајќи и фигури на птиците од Мана, женски фигури од III-I век п.н.е., различни садови од различни наоѓалишта во Азербејџан ископани за време на истражувањата, надгробна плоча во облик на кољ итн..
Збирка теписи Музејска изложба на стари теписи од Ганџа, Карабах, Казак, Куба итн..
Работно време Музејот работи од 10 наутро до 18.00 часот. Во понеделник музејот не работи.
Адреса Музејот е со адреса на улица Нијази бр. 11-13, Баку 1001 (во близина на метростаницата Ихери Шерер).
Галерија
Поврзано Дебурска палата Список на музеи во Азербејџан Бакушки музеј за современа уметност
Наводи
Надворешни врски
Official website Museum's overview (Bakupages.com)
Категорија:Зданија во Азербејџан во 1936 година Категорија:Ликовни музеи основани во 1936 година Категорија:Културолошки градби завршени во 1885 година Категорија:Ликовни музеи и галерии во Азербејџан Категорија:Музеи во Баку Категорија:Национални музеи во Азербејџан