Љубуш — археолошко наоѓалиште кое се состои од старохристијански ротонди. На еден зарамнет врв во близината на утоката на Пеленица во Маркова Река, оддалечен 3 километри југозападно од селото Драчево, има остатоци од римско утврдување чии одбранбени ѕидови го опкружуваат целото плато големо околу 1,5 хектар. Откопани се темели од повеќе градби меѓу кои и темели од две цркви ‡ ротонди. Според Ф. Месеснел, едната имала пречник повеќе од 10 метри и под покриен со мозаик, организиран во повеќе правоаголни полиња. Од мотиви во полињата на мозаикот се присутни рибини лушпи, крстови, плетенки како бордури и раскошен кантарос од кој излегуваат бршленови ластари со лисја.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Белчевица — некропола од римско време; Пинтија — старохристијански ротонди; и Тресалиште — осамен наод од доцноантичкото време.
Наводи