„Париз кога врне“ (англиски: Paris When It Sizzles) – филм на режисерот Ричард Квин (Richard Quine) од 1964 година. Автор на сценариото е Џорџ Екслроуд, кое е засновано врз приказната и филмот La fête à Henriette на Џулиен Дувивиер и Анри Џинсон. Главните улоги ги играат: Одри Хепберн (Audrey Hepburn), Вилијам Холден (William Holden), Грегоар Аслан (Grégoire Aslan), Ноел Кауард (Noël Coward) и Тони Кертис (Tony Curtis).Filmovi Audrey Hepburn: Pariz kad cvrči, američki film (1964.) - Zlatno doba Hollywooda (пристапено на 18.5.2025)

Кратка содржина

Приказната зборува за сценаристот по име Ричард Бенсон (Вилијам Холден) кој е платен да напише сценарио за неговиот шеф, Г. Александр Мирхајм (Ноел Кауард). Сосема самоуверен во своите способности, тој остава само три дена пред рокот за да го напише сценариото. Габриел Симпсон (Одри Хепберн), привремена секретарка која е вработена од Бенсон да му помогне во пишувањето, доаѓа во хотелот каде што е сместен Ричард и заедно со него почнуваат да го пишуваат сценариото со име Девојката што ја украде Ајфеловата кула. Како се развива текстот, така се развива и романсата меѓу двајцата сценаристи.

Занимливости Филмот е преработка на францускиот филм La fête à Henriette (1952), режиран од Џулиен Дувивиер. Според неколку биографии на Хепберн, Париз, кога врне се снимал хаотично, зашто Холден, кој имал афера со Одри во текот на снимањето на Сабрина една деценија пред Париз, кога врне се обидел да ја возобнови романсата со сега веќе венчаната глумица. Филмот е сниман истовремено со Шарада, поради што неколку места се повторуваат во двата филма.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1964 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Холивуд Категорија:Филмови на Ричард Квин Категорија:Филмови со Одри Хепберн Категорија:Филмови со Вилијам Холден Категорија:Филмови со Грегоар Аслан Категорија:Филмови со Ноел Кауард Категорија:Филмови со Тони Кертис