Звонимир „Нока“ Сердарушиќ (роден во , на ) — поранешен југословенски ракометен репрезентативец и тренер.
Својата ракометна кариера ја започнал во Вележ од Мостар, ја продолжил во Босна од Сараево, а најмногу и најдобро играл во бјеловарски Партизан, со кој бил 5 пати државен првак. Тој исто така играл во германскиот Кил една година, а три години во Берлин. Тој бил репрезентативец на југословенската репрезентација 72 пати, еднаш и член на светската селекција. Тој освоил бронзен медал на Светскиот куп во 1974 година .
Повторно започнал како ракометен тренер во Вележ, продолжил во Механика од Метковиќ. Потоа поминал една година во германскиот Шварцбук, три години во Фленсбург, а од 1993 година до 2008 година во Кил. Заедно со Уве Швенкер, тој го издигнал ракометниот клуб Кил на највисоко ниво.
Трофеи (како играч)
Партизан Бјеловар
Југословенско првенство (2) : 1976/77 и 1978/79 година. Југословенски куп (1) : 1975/76 година.
Трофеи (како тренер)
Кил
Германско првенство (11) : 1993/94, 1994/95, 1995/96, 1997/98, 1998/99, 1999/00, 2001/02, 2004/05, 2005/06, 2006/07 и 2007/08 година. Купот на Германија (5) : 1997/98, 1998/99, 1999/00, 2006/07 и 2007/08 година. Германски Супер куп (4) : 1995, 1998, 2005 и 2007 година. ЕХФ Лига на шампиони (1) : 2006/07 година (финале 1999/00 и 2007/08). Куп на ЕХФ (3) : 1997/98, 2001/02. и 2003/04 година. Европски Супер куп (1) : 2007 година. Тренер на годината во Германија (6) : 1996, 1999, 2005, 2006, 2007 и 2008 година.
Цеље
Словенечко првенство (1) : 2009/10 година. Куп на Словенија (1) : 2009/10 година.
Пари Сен-Жермен
Француско првенство (3) : 2015/16, 2016/17, 2017/18 година. Куп на Франција (1) : 2017/18 година. Лига куп на Франција (2) : 2016/17, 2017/18 година. Француски супер куп (2) : 2015, 2016 година. Лига на шампиони на ЕХФ : финале 2016/17 година.
Надворешни врски
профил
Категорија:Ракометни тренери Категорија:Ракометари