Ајдонохор или Ајдарохор (, Ајднохори) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2021).
Географија Селото е сместено 3 км западно од гратчето Лапчишта, крај патот за Коница и Јанина.
Историја Во Отоманското Царство На крајот на ХІХ век Ајданохор било чифлигарско село во Населичката Каза. Наречено е по некојси Ајдар кој некогаш бил сопственик на чифликот.Страница на поранешната општина Лапчишта
Ајдонохор е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. во селото (Αηδοχώρι) живееле 150 Грци христијани.Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1904 г.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 213 жители. Во 1920 г. населението се намалило на 181 жител. Во следниот период тука е доселено едно грчко доселеничко семејство со 3 лица, па во 1928 г. селото имало 131 жител.
Во 1940 г. населението се зголемило на 343 жители, но набргу потоа почнале бранови на иселување во поголемите градови. Така, во 1951 г. бројот на жители се преполовил на 153, а во 1971 г. доживеал повторно преполовување, овојпат на 70 лица. Во 1966 г. на местото на старата разурната црква „Св. Атанас“ е изградена нова. Иселувањата продолжиле и во следните десетлетија.
Население
Стопанство Населението се занимава со земјоделство. Одгледува жито и други култури.
Поврзано Населица
Наводи
Категорија:Горуша (општина)