Тес Вестер е холандска ракометарка, голман на Оденсе и на холандската репрезентација.
Кариера Клупска кариера Вестер ја започнала својата кариера во 1999 година, на возраст од 6 години. Во нејзината младинска кариера таа исто така играла и за ВЗВ и Хандбал Академи.
Во сезоната 2008-2009 потпишала договор со екипата на ВОК Амстердам, со која во текот на истата сезона настапувала во Лигата на шампионите со само 15 години. Таа исто така освоила две титули во холандското првенство со клубот од Амстердам пред да го напушти во 2010 година. Вестер играла една сезона во дресот на Е&О Емен (2010-2011), пред да го има својот прв ангажман во странство.
Во 2011 година, таа се преселила во Германија каде потпишала за Олденбург,Tess Wester: Willkommen im Abenteuerland Bundesliga nwzonline.de чиј гол го бранела до 2015 година и клуб со кој го освоила Купот на Германија во 2012 година. Потоа, Вестер потпишала за една од најсилните германски екипи Битигхајм. Со Битигхајм ја освоила Бундеслигата во сезоната 2016-2017 и играла повторно во Лигата на шампионите по подолга пауза.
Во 2018 потпишала за данскиот Оденсе. Во својата прва сезона во клубот, Вестер му помогнала на Оденсе да го освои третото место во данското првенство, да стигне до финалето во Купот на Данска (загубиле од Никобинг) како и до четвртфиналето на Лигата на шампионите каде биле елиминирани од бранителот на титулата и подоцнежен шампион Ѓер.
Репрезентативна кариера Вестер дебитирала за холандската репрезентација во пријателски натпревар против Романија на 2 октомври 2012 година. Првиот голем турнир на кој таа била повикана да брани за репрезентацијата било Европското првенство во 2014 година, на кое холанѓанките завршиле на седмото место.
Следната година, таа била дел од холандската репрезентација која настапила на Светското првенство 2015 во Данска, и стигнала до финалето на турнирот, каде биле поразени од Норвешка со 23-31. Таа била избрана во Ол-стар тимот на првенството како најдобар голман и имала најголем број на одбранети удари (120) како и највисок процент на одбранети удари (43%).
Во 2016 година Вестер и нејзините соиграчки од репрезентацијата обезбедиле прво историско учество за Холандија на Олимписките игри. На олимпискиот турнир, Холандија го освоила четвртото место после поразите во полуфиналето од Франција со 23–24, и во натпреварот за бронзата од Норвешка со 26–36.https://www.reuters.com/article/us-olympics-rio-handball-w-bronze-idUSKCN10V0KW
Во 2017 и 2018 година, Вестер освоила уште два бронзени медали со репрезентацијата од Светското првенство 2017 и Европското првенство 2018.
Титули
Клупски ВОК Амстердам Холандско првенство : 2 2008-2009, 2009-2010
Олденбург Куп на Германија : 1 2012
Битигхајм Бундеслига : 1 2016-2017
Репрезентативни Светско првенство: 15px|Златен медал Златен медал: 2019 15px|Сребрен медал Сребрен медал: 2015 15px|Бронзен медал Бронзен медал: 2017 Европско првенство: 13px|Сребрен медал Сребрен медал: 2016 15px|Бронзен медал Бронзен медал: 2018
Поединечни Ол-стар тим, најдобар голман на Светско првенство: 2015Ол-стар тим на Светското првенство 2015, IHF. Пристапено на 22 декември 2015., 2019
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Тес Вестер на страната на Холандската ракометна федерација Тес Вестер на eurohandball Тес Вестер на sports-reference
Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски ракометарки Категорија:Ракометарки на Оденсе Категорија:Родени во 1993 година