Луис Катарина Бургард (родена на 17 октомври 1992 г., во Есбјерг) е данска ракометарка која игра на позицијата десен бек за Мец и за данската репрезентација.

Кариера Клупска кариера Луис Бургард започнала да игра ракомет на петгодишна возраст во Виндинг СФ. Во 2006 година, таа и се приклучила на екипата на Фредериција. Во 2010 година, Луис потпишала договор со КИФ Вејен, клуб со кој учествувала во Купот на ЕХФ во сезоната 2010-2011. Следната година таа му се приклучила на Холстебро. Во 2013 година, со овој клуб таа го освоила својот прв трофеј во кариерата, Купот на ЕХФ, победувајќи го Мец во финалето. Истата сезона, таа била избрана за најдобар десен бек во данското првенство.

Од сезоната 2013-2014, таа и се приклучила на екипата на Виборг со кој освоила три титули во својата прва сезона во клубот: данското првенство, Куп на победниците на куповите и Купот на Данска. Бургард изјавила: Ова чувство е прекрасно, кулминација на сезоната. Јас дојдов во Виборг за да напредувам во кариерата и да освојувам титули, и веќе во мојата прва сезона овде освоив три.

Во септември 2015 година, Бургард потпишала за ФК Мидтјиланд Хандбал, каде требало да ја замени Лине Јоргенсен која заминала во Романија во екипата на ЧСМ Букурешт. Во својата прва сезона во клубот го освоила Купот на Данска, по вторпат во својата кариера. Во нејзината последна сезона во клубот, кој сега имал ново име Хернинг-Икаст, Бургард му помогнала на клубот да стигне до финалето на данското првенство и вторпат во кариерата била избрана за Ол-стар десен бек на данското првенство.

За сезоната 2019-2020, таа потпишала двегодишен договор со францускиот шампион Мец..

Репрезентативна кариера Бургард се натпреварувала на својот прв турнир со данската репрезентација на возраст од само 19 години, а тоа било Светското првенство 2011 година во Бразил. Таа учествувала во сите натпревари на Данска на првенството и постигнала 24 гола за време на турнирот. Репрезентацијата стигнала до полуфиналето, но на крајот не успеала да се искачи на подиумот, завршувајќи на четвртото место, откако во натпреварот за третото место загубиле од Шпанија.

Во 2012 година, таа учествувала на Олимписките игри 2012 каде што Данска завршила на деветтото место. Истата година, таа била дел од тимот на Данска кој го освоил петтото место на Европското првенство 2012 во Србија. Сепак, Бургард имала одличен поединечен турнир на кој завршила меѓу најдобрите стрелци со 31 погодок на 7 натпревари.

На Светско првенство 2013 во Србија, таа го освоила својот прв медал во кариерата со репрезентацијата, освојувајќи ја бронзата по победата против Полска (30-26) во малото финале. Бургард играла во сите натпревари и за време на натпреварувањето постигнала 25 гола.

Титули

Клупски Холстебро Куп на ЕХФ : 1 2012-2013

Виборг Данско првенство : 1 2013-2014 Куп на Данска : 1 2013 Куп на победниците на куповите : 1 2013-2014

Мидтјиланд Куп на Данска : 1 2015

Репрезентативни Светско првенство: 15px|Бронзен медал Бронзен медал: 2013

Поединечни награди Ол-стар десен бек на данското првенство : 2 2012-2013, 2018-2019

Наводи

Надворешни врски

Профил на eurohandball Профил на sports-reference

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Дански ракометарки Категорија:Ракометарки на Виборг Категорија:Ракометарки на Мец