Владимир Бошњак Табашевиќ (српски: Vladimir Bošnjak-Tabašević; 1986, Мостар) - српски писател.

Животопис Владимир Табашевиќ е роден во Мостар, во 1986 година. Во Белград студирал философија. Тој е основач и еден од уредниците на интерактивниот интернет-портал „Презупч“ кој се занимава со класните односи во општеството. Табашевиќ живее во Белград.Vladimir Tabašević, Zabluda svetog Sebastijana. Beograd: Laguna, 2019, стр. 195.

Творештво Табашевиќ пишува поезија и проза. Ги објавил следниве поетски збирк: „Коагулум“ (2010), „Трагус“ (2011), „Кундак“ (2012) и „Хрватски кундак“ (2014). Во 2015 година, самостојно го објавил својот прв роман „Тивко тече Мисисипи“ (издание на „Студио Знак“), а една година подоцна се појавил и неговиот втор роман „Па како“ (издание на „Лагуна“). Исто така, во 2016 година, „Лагуна“ повторно го објавила романот „Тивко тече Мисисипи“. За овој роман, Табашевиќ ја добил регионалната наградата „Мирко Ковач“ за најдобра книга на млад автор. Во 2018 година го објавил романот „Заблудата на свети Себастијан“ (издание на „Лагуна“) и ја освоил НИН-овата награда за роман на годината.

Наводи

Категорија:Српски писатели Категорија:Родени во Мостар Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Добитници на НИН-овата награда