Гвантанамера (шпан. Guantanamera) е марка на кубански пури (Хабанос СА).Nee, Min Ron - An Illustrated Encyclopaedia of Post-Revolution Havana Cigars (2003, Reprinted: 2005),
thumb|right|Логото на Гвантанамера
Историја Марката „Гвантанамера“ била лансирана во Дортмунд, Германија на 14 септември 2002 и се јавува на меѓународниот пазар во октомври истата година. Марката е именувана по песната Гвахира Гвантанамера (Селанка од Гвантанамо) на Хосе Фернандес Дијаз. За разлика од сите други кубански пури, тутунот за оваа марка доаѓа од регионот Вуелта Ариба, во средиштето на Куба, а не од Вуелта Абахо во провинцијата Пинар дел Рио.
Во марката се застапени само машински-изработени пури, и истата е позната по својата достапност во цените. Мешавината е блага со помалку остар/тинински аспект.
Витоли на Гвантанамера Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Гвантанамера со нивните димензии во англиски и метрички мерниединици и нивите vitolas de galera (фабрички имиња).
Машински-изработени витоли
Cristal - 5 7/8" x 41 (150 x 16.27 mm) Cristal Compay - 4 7/8 x 40 (123 x 15.87 mm) Standard Décimo - 5 1/4" x 38 (134 x 15.08 mm) Universal Minuto - 4" x 44 (102 x 17.07 mm) Minuto Purito - 4 1/8 x 29 (106 x 11.51 mm) Chico
Поврзано Марки на пури Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Хабанос С.А. Критики на пурите на Гвантанамера
Категорија:Пури