десно|мини Лук Макалистер ( ; 28 август 1983 година ) е професионален рагби во Нов Зеланд, во моментов игра за четирикратниот европски шампион, францускиот Стад Тулуз. Неговиот татко професионално играл рагби 13, а неговата сестра играла рагби 7. Додека неговиот татко Чарли играл професионален рагби 13 во Англија, Лук тренирал фудбал во Манчестер Јунајтед, но не се пронашол во спортот. Во првата лига на Нов Зеланд, Лук играл за Норт Харбор, а во супер рагби за „Блуз“.
За Ол Блекс дебитирал против британските Лавовите во 2005. Бил дел од селекцијата на Нов Зеланд во Светското првенство 2007. Играл во сите пет натпревари. По ова најголемо рагби натпреварување што се одржало во Франција, тој потпишал за Сејл Шаркс а ја одбил понудата на ирскиот гигант Мунстер. По две години во Сејл, поминал една сезона во Нов Зеланд, а потоа потпишал за Тулуз. Со Тулуз го освоил францускиот шампионат, освојувајќи ги сите бодови во финалето во сезоната 2011-2012. За „Ол Блекс“ одиграл само 30 тест натпревари, бидејќи на воведната позиција според многумина бил најдобриот бек (лајнмен) на сите времиња Ден Картер.
Наводи
Категорија:Новозеландски рагбисти Категорија:Родени во 1983 година