Не го поистоветувајте со клубот Младост 09.
РК Младост 1977 — ракометен клуб од Богданци, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата лига.
Историја Ракометниот клуб Младост 1977 е основан на 26 август 1977 година.
Клубот бил поразен во финалето од купот на Македонија во 1996 година од Пелистер Еврокар.
Во сезоната 1996/97, Младост стигнал до четвртфиналето на Купот на победниците на куповите во кое бил поразен од францускиот клуб Иври. На патот до четвртфиналето, Младост го елиминирал црногорскиот Морнар Бар во првото коло, надокнадувајќи го поразот на гостински терен од 13 гола разлика со победа од 13 гола разлика (29-16) на возвратниот натпревар во Богданци. Во осминафиналето, Младост бил подобар од романскиот клуб Фибрекс, со вкупен резултат 55-49.
Во јули 2018 година, клубот го сменил своето име од Академија Младост во Младост Богданци. Во средината на август 2020 година, се преобразил во акционерско друштво и притоа го сменил називот во Младост 1977 А.Д.
Моментален состав Состав за сезоната 2025–26
Голмани 1 Кристијан Костадиновски 12 Горан Паунков (к) 20 Ефе Идризов Леви крила 3 Зоран Стојановски 7 Димитар Пеев 9 Мартин Прчев 10 Гоце Аргиров 14 Методи Младеновски Десни крила 4 Ѓорѓе Атанасов 15 Никола Димитров Пивоти 2 Мартин Стојановски 24 Жоао Габриел Диас Гекас 26 Стамен Гогов
Леви бекови 5 Даниел Андоновски 6 Никола Тасев 11 Антонио Николоски 71 Стојан Наумовски Средни бекови 18 Душан Каркалашев 33 Ѓорѓе Ѓуриќ Десни бекови 25 Лазар Адамовиќ
Стручен штаб Позиција Име Главен тренер Горан Андоновски Помошник тренер Далибор Лукиќ
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место РК Младост Богданци на Facebook
Младост Богданци