РК Вардар Неготино — ракометен клуб од Неготино, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата лига.

Историја Вардар Неготино бил основан во 2011 година од страна на ракометните работници Тоде Кузманов и Драган Сукара. Помогнат од осигурителната компанија „Кроација Осигурување“, клубот започнал да работи со пионери, а од 2013 година започнал да се натпреварува во системот на натпреварувања на Ракометната федерација на Македонија во младинските категории.Приказната за Вардар Неготино – од ентузијасти до суперлигаши! 24rakomet.mk; 7 јуни 2022

Во сезоната 2017/18, клубот премиерно започнал да се натпреварува во македонската прва лига и завршил четвртопласиран. Следната сезона, клубот бил првопласиран во втората група од првата лига, но во плеј-оф разигрувањето завршил петти.

Вардар Неготино за прв пат успеал да избори пласман во Супер лигата во сезоната 2021/22, завршувајќи на четвртото место во плеј-оф разигрувањето во првата лига, откако претходно бил првопласиран во групата А во регуларниот дел.

Наводи

Вардар Неготино