Статистика за бизнис и економија - книга на македонските економисти Славе Ристески и Драган Тевдовски, првобитно објавена во 1999 година. Книгата доживеала неколку изданија и се користи како универзитетски учебник на повеќе економски факултети во Македонија.
Прво издание Првото издание на книгата (чиј автор е само Славе Ристески) се појавило во 1999 година, а нејзината содржина во најголем дел била преземена од книгата „Статистика за менаџмент и економија“ од 1998 година која, исто така, била издадена од Економскиот факултет - Скопје.Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010, стр. xxi.
Второ издание Второто, преработено и дополнето издание (чиј автор е Славе Ристески) по својата содржина не се разликува од првото, со одредени измени, како: третата глава, посветена на веројатноста, била целосно преработена; во шестата глава (Статистичко оценување) била внесена уште една точка; во примерите биле ажурирани временските низи и биле додадени нови прашања и задачи.
Трето издание Автори на третото, преработено и дополнето издание од 2008 година биле Славе Ристески и Драган Тевдовски, а во содржината биле направени одредени измени, како: во петтата глава била додадена една точка; во седмата глава бил додаден концептот на p-вредноста; во секоја глава биле додадени цели на учењето; сите глави биле надополнети со нови примери и задачи, како и нови графички прикази; во секоја глава се внесени делови за користење компјутер; во книгата е додаден CD-ROM; а користената литература била дополнета со нови наслови.Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010, стр. xxii.
Четврто издание Во 2010 година се појавило четвртото издание на книгата. Рецензенти на книгата биле Александар Ќурчиев и Борислав Благоев, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, лектор Здравко Ќорвезироски, а графичкото и ликовно-техничкото уредување го направил Бане Галиќ. Книгата, со обем од 588 страници, била испечатена во печатницата „Македонска ризница“ во Куманово. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-212-009-6.Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010.
Содржина Предговор Вовед Дескриптивна анализа Веројатност Случајна променлива и распореди на веројатноста Статистички примерок Статистичко оценување Тестирање на статистички хипотези Анализа на варијанса Проста праволиниска регресија и корелација Повеќекратна праволиниска регресија и корелација Непараметарски методи Индексни бројки Анализа на временски низи Таблици Литература Индекс
Наводи
Категорија:Дела на Славе Ристески Категорија:Дела на Драган Тевдовски Категорија:Изданија на Економски факултет - Скопје Категорија:Книги од 2008 година Категорија:Книги од 2010 година Категорија:Книги од 1999 година Категорија:Учебници