Артурс Кугис (роден на 17 јули 1992 г., во Салдус) е латвиски ракометар, голман на Вардар и на латвиската репрезентација.
Кариера Клупска кариера Кугис ја започнала својата кариера во својата родна Латвија, играјќи за екипата на Тенакс Добеле. Во 2012 година го имал својот прв ангажман во странство кога потпишал за екипата на Бекдорф од Германија. По една сезона во третата лига на Германија, тој се преселил во норвешкото првенство каде со екипата на Филинген од Берген сезоната 2013-2014 ја завршил на четвртото место. Потоа следувала една сезона во Франција во екипата на Сен-Марсел Вернон, пред да се врати во Бекдорф во 2015 година. Во 2017 година потпишал за Гросвалштат, клуб со кој успеал да избори промоција во втората лига на Германија во првата негова сезона во клубот, но веќе во следната клубот испаднал назад во третата лига. Во летото 2019 година, Кугис потпишал за Вардар.Летонецот Кугис Артурс нов голман на Вардар Ekipa.mk 19.6.2019
Репрезентативна кариера Кугис е репрезентативец на Латвија од 2017 година и бил дел од квалификациите за Европското првенство 2020.
Наводи
Надворешни врски Профил на eurohandball
Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Латвиски ракометари Категорија:Ракометари на РК Вардар