мини|Спомен-плоча за филмот во Торуњ. „Година на спокојното сонце“ () — полски филм од 1984 година во режија на Кшиштоф Зануси, кој е и автор на сценариото. Улогите ги играат: Маја Коморовска, Скот Вилсон, Хана Скарзанска, Ева Далковска итн. На Венецијанскиот филмски фестивал, Зануси ги освоил наградите „Пазинети“ и „Златен лав“.IMDb, A Year of the Quiet Sun (1984)Awards (пристапено на 6.1.2020)
Синопсис Дејството на филмот се одвива во Полска по Втората светска војна. Норман (го игра Вилсон) е американски војник кој е испратен во мисија да ги пронајде закопаните тела на американските војници кои биле заробени и убиени од нацистите за време на војната. Случајно, тој ја забележува Емилија (ја игра Коморовска), веднаш се вљубува во неа и ја посетува во нејзиниот дом. На почетокот, таа се колеба, но ја прифаќа неговата љубов. Норман сака да ги префрли Емилија и нејзината болна мајка (ја игра Скарзанска) во САД, но посредникот кој треба да го организира бегството преку границата одбива да ја пренесе старицата. Поради тоа, мајка ѝ намерно ја предизвикува својата смрт, но Емилија ја открива нејзината жртва и поради тоа останува во Полска, а своеот место ѝ го отстапува на сосетката. По заминувањето на Норман, остатокот од животот таа го минува во женски манастир. Еден ден, таа добива известување дека Норман ѝ пратил пари за да отпатува во САД. Тогаш, Емилија веднаш се подготвува за патувањето, но чувствува силна болка во градите.IMDb, A Year of the Quiet Sun (1984) (пристапено на 6.1.2020)
Наводи
Категорија:Полски филмови Категорија:Филмови на полски јазик Категорија:Филмови од 1984 година Категорија:Филмови на Кшиштоф Зануси Категорија:Филмови со Маја Коморовска Категорија:Филмови со Скот Вилсон Категорија:Филмови со Ева Далковска Категорија:Филмови со Јежи Стур Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Полска Категорија:Филмови на англиски јазик