Хенри Џејнс Фонда (16 мај 1905 – 12 август 1982) бил славен американски филмски актер, добитник на наградата „Оскар“, најпознат по своите улоги на едноставен идеалист. Вештиот, натуралистички глумечки стил и пристап на Фонда бил прв чекор кон популаризацијата на методската глума.

Фонда започнал како глумец на Бродвеј, а своето деби во Холивуд го имал во 1935 година. Неговата кариера почнала да се качува по нагорна линија по неговата изведба во филмот Плодовите на гневот, за која бил номиниран за „Оскар“. Во текот на својата шестдецениска кариера во Холивуд, Фонда создал силна, привлечна екранска личност со своите улоги во класиците од типот на Инцидентот кај Окс-Боул, Господин Робертс и 12 гневни луѓе. Подоцна, Фонда започнува да игра во предизвикувачки, мрачни епови како Серџо Леоневиот филм Беше еднаш на Дивиот Запад (како злосторник, кој меѓу другото, убива дете и инвалид) како и во лесни комедии од типот на Твое, мое и наше, каде игра заедно со Лусил Бол.

Тој е зачетник на една лоза познати глумци, вклучувајќи ги ќерката Џејн Фонда, синот Питер Фонда, внуката Бриџит Фонда и внукот Трој Герити.

Во 1999 година, од страна на Американскиот филмски институт Хенри Фонда бил прогласен за шестата најголема филмска ѕвезда во историјата.

Филмографија Само еднаш живееш (1937) Плодови на Гневот (1940) Немилата случка кај Окс-Бау (1942) Моја драга Клементина (1946) 12 гневни луѓе (1957) Ворлок (1959) Најдолгиот ден (1962) Предлог и усвојување (1962) Без грешка (1964) Најдобриот човек (1964) Убиец на коњ (1967) Беше еднаш на Дивиот Запад (1968) Федора (1978)

Надворешни врски

Категорија:Американски глумци Категорија:Оскаровци Категорија:Добитници на наградата „Тони“ Категорија:Апсолвенти на Минесотскиот универзитет Категорија:Родени во 1905 година Категорија:Починати во 1982 година Категорија:Добитници на Златен глобус