Неволјани или Неволен (, Вамваќа; до 1928 г. Νεόλιανη, НеволјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νεόλιανη -- Βαμβακιά) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 395 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се значајно малцинство заедно со грчките доселеници.
Географија Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле, западно од градот Сер и јужно од Ениќој.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Неволјани е заведено како македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Неволене (Névolène) било село со вкупно 102 домаќинства, од кои 180 жители биле Македонци, а 120 биле муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 116-117. Овој податок е или погрешен, или значи дека муслиманите подоцна го напуштиле селото.
Во 1891 г. охридскиот деец Георги Стрезов напишал дека селото е дел од областа Овакол и вели:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото се остоело од 600 Македонци христијани.
Во 1904 г. е изградена црквата „Св. Антониј“, наполно обновена во 1955 г.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Неволјани (Novolen) имало 640 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква).Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pи. 198-199.
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 518 жители, кои поради Првата светска војна во 1920 г. се намалиле дури на 284 лица. Во 1924 г. грчките власи иселиле неколку семејства во Бугарија, а на нивно место довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Вамваќа, што значи „памук“. Така, во 1928 г. Неволјани станало мешана населба со вкупно 572 жители, од кои 344 лица (85 семејства) биле грчки дојденци, а останатите биле домородни Македонци.
Во 1940 г. во Неволјани се попишани 539 лица. Населението нагло пораснало во текот на 1950-тите, при што во 1961 г. имало 915 жители. Ова се променило во 1980-тите, кога е забележан позначаен пад, иако најсилниот пад во бројноста се случил во 2000-тите, кога населението опаднало од 700 во 2001 на 530 во 2011 г.
Население
Стопанство Населението одгледува големи количства памук, жито, фуражни култури и друго. Застапено е и краварството.
Поврзано Црква „Св. Антониј“ - Неволјани Серско Поле
Наводи
Категорија:Сер (општина)