Сашка Димитровска (Скопје, ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Животопис Сашка Димитровска е родена на 9 јули 1978 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на професорот Владимир Милчин во 2001 година. Таа е вработена во Македонскиот народен театар од 2006 година.„Сашка Димитровска “. Македонски народен театар.
Театрографија „Комедија на суетата“ од Елијас Канети, Миталфест Чивидале - Италија, 1998; „Астерикс и Обеликс“, детска претстава, 1989; „Случајот ДХ“ од Даниел Хармс, р. Владимир Милчин, Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 2000; „Елешник“ од Југослав Петровски, р. Димитар Станковски, Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес, 2000; „Земјомерот“ од Николај Кољада, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје, 20000; „Синдром Чернодрински“ од Горан Стефановски, р. Деан Дамјановски, Универзална сала - Скопје, 2001; „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје, 2001; Солвејг — „Пер Гинт“ од Хенрих Ибзен, р. Златко Славенски, МНТ, 2001; Цвета, Едис — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001; Лизавета Николаевна — „Демони“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 2001; „Новогодишна трилогиjа“ од Биљана Србњановиќ, р. Деан Дамјановски, Универзална сала - Скопје, 2004; Маша — „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје, 2004; Адела — „Домот на Бернарда Алба“ од Федерико Гарсија Лорка, р. Горчин Стојановиќ, Драмски театар - Скопје, 2004; Хор — „Копидона“ од Срѓан Јаниќијевиќ, р. Срѓан Јаниќијевиќ, Драмски театар - Скопје, 2005; Матурина — „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје, 2005; „Последниот маж, последната жена“ од Јордан Плевнеш, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје, 2005; Анриета — „Една вечер со...“ од Жан Батист Поклен Молиер, р. Деан Дамјановски, МНТ, 2006; „Безимениот“ според „Електра“ од Софокле, р. Елени Боза, МНТ, 2006; „Ревизор“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 2006; Кралиците — „Кралот Иби“ од Алфред Жари, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2007; Дуњашка — „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, р. Трајче Ѓоргиев, МНТ, 2010; Даша Шатова — „Бесови“ од Фјодор Михајлович Достоевски, р. Златко Славенски, МНТ, 2011; Грофицата — „Свадбата на Фигаро“ од Пјер Бомарше, р. Леван Цуладзе, МНТ, 2011; Медлен Бежар, глумица на де Молиер — „Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков, р. Александар Поповски, МНТ, 2012; Мајката Тила — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014; Јелена Андреевна — „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, р. Зоја Бузалковска, МНТ, 2015; Донка — „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, р. Јацек Гломб, МНТ и Театар „Хелена Моджејевска“ - Полска, 2016; Славица — „Говорна мана“ од Горан Марковиќ, р. Драгана Милошевска-Попова, МНТ, 2017; Наталија Петровна — „Еден месец на село“ од Иван Сергеевич Тургенев, р. Паоло Маџели, МНТ, 2018; Полина Андреевна — „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, р. Нина Николиќ, МНТ, 2018; Лилјана — „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2019.
Филмографија Дора — „Ангели на отпад“, р. Димитрие Османли, 1995; „Волци“, р. Слободан Деспотовски, ТВ-филм, 2003; „Години на самотија“, р. Филип Кондовски, краткометражен филм, 2004; Ленка — „Елегија за тебе“, р. Васил Зафирчев, ТВ-филм, 2007; Крстана — „Балканот не е мртов“, р. Александар Поповски, 2011; Арта — „Медена ноќ“, р. Иво Трајков, 2015; Талија — "Кајмак", р. Милчо Манчевски, 2022.
Телевизиски серии Лиле — „Погрешно време“, р. Драган Велјановски, МРТ, 2000; „Наше маало“, р. Игор Иванов - Изи, 2002; „Заведени“, р. Слободан Деспотовски, 2002; Докторката — „Сакам да станам коцкар“, 2004; Џенис — „Турни ме да кинисам“, р. Томислав Алексов, МРТ, 2011;
Детски серии „Азбука на природата“; „Фиданка“; „Дајте музика“; „Опстанок“; „Дали, како, што“; „Тврдокорни“; „Весела математика.
Награди Награда за најдобра главна женска улога, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, за улогата на Милка во претставата „Елешник“, 2000; Награда за најдобар млад глумец, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, за улогата во претставата „Синдром Чернодрински“, 2002.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје