Тур де Свис 2019 (познато и како: Трка околу Швајцарија 2019) — 83. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис, која се одржала помеѓу 15 и 23 јуни како дваесет и шести настан во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена од Колумбиецот Еган Бернал од екипата .
Екипи
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Воедно, две професионални континентални екипи настапиле, како и националната екипа на Швајцарија, со што главната група имала 21 екипа, а секоја екипа имал седум возачи.
Фаворити пред трката
Пред почетокот на трката, Герајнт Томас бил фаворит за победа, додека неговиот колега Еган Бернал бил втор фаворит. Од остатокот на групата, Енрик Мас, Руј Кошта и Марк Солер биле сметани како најблиски соперници.
Рута
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Етапа 8
Етапа 9
Завршен поредок
Поредок
На Тур де Свис 2019 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Постоеле и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови (три секунди за првиот, две секунди за вториот и една секунда за третиот) и на завршницата на етапите; првите тројца добивале временски бонуси, освен на поединечниот хронометар: етапниот победник освојувал десет секунди, додека вториот и третиот шест и четири секунди, соодветно. Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2019 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, кој бил наградуван со црна маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите пет места на етапите. Етапните победи носеле 10 бода, 8 бода за второто место, 6 за третото, 4 за четвртото и 2 за петтото. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.
+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 Бодови за 20 15 10 6 4 Бодови за 12 8 6 4 2 Бодови за 8 6 4 2 1 Бодови за 3 2 1 0
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со сина маичка. За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора или трета категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории.
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележан со зелена маичка. Пласманот се одлучувал на ист начин како генералниот пласман, но само за возачи родени на или по 1 јануари 1993 година.
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.
Била воведена и награда за борбеност за возачот кој возел најборбено според судиите, која се доделувала на крајот на секоја етапа. Обично бил возач вклучен во бегството или велосипедист кој напаѓал често.
+ Водство по етапа Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Екипен пласман25п 1 Роан Денис Роан Денис Роан Денис недоделена Серен Краг Андерсен 2 Луис Леон Санчес Каспер Асгрен Клаудио Имхоф Каспер Асгрен 3 Петер Саган Петер Саган Петер Саган 4 Елија Вивијани 5 Елија Вивијани 6 Антван Толхук Еган Бернал Еган Бернал 7 Еган Бернал Еган Бернал 8 Ив Ламперт 9 Хју Карти Хју Карти На крај Еган Бернал Петер Саган Хју Карти Еган Бернал
Наводи
Извори
Надворешни врски
Категорија:Тур де Свис Категорија:Светска турнеја на UCI 2019 Категорија:Швајцарија во 2019 година