Баталоска џамија — џамија во селото Дебреште.„Дебреште“. OldPrilep. 28 ноември 2011. Џамијата се наоѓа во крајниот источен дел од селото, во непосредна близина на патот кој продолжува до селото Ропотово.

Архитектура Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од приземје и кат. Покриена е со полукружна купола со полутопчест метален кров, а на работ од секоја страна на покривниот дел има по едно мало украсно минаре. Влезот на џамијата е сместен од северната страна. Џамијата има две минариња со многуаголна основа и со по две шерефиња. Објектот е изграден од камен. Дворот на џамијата е оградена со камено-метална ограда и во него има шадрван и помошен објект.

Галерија

Поврзано Долна џамија Камена џамија Средна џамија Горна џамија Дебреште Прилепско муфтиство

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дебреште Категорија:Џамии во Општина Долнени Категорија:Џамии во Прилепското муфтиство