Пиперазинот е органско соединение кое се состои од шестчлен прстен кој содржи два азотни атоми на спротивни позиции во прстенот.

Пиперазините се широка класа на хемиски соединенија, од кои голем број имаат важни фармаколошки особини, и кои во својата структура го содржат пиперазинскиот прстен.

Потекло и именување Пиперазинот го добил своето име поради сличноста во неговата хемиска структура со пиперидинот, кој е дел од структурата на пиперинот од црниот бибер (Piper nigrum). Сепак, пиперазините не се добиени од растенија од родот Piper.

Наводи

Категорија:Азотни хетероциклични соединенија