Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Гостиражни.„Црква „Св. Атанас“, село Гостиражни“. OldPrilep. 15 јуни 2016. Сместена е во источниот дел од селото.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со мала полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна е доградена припрата чија влезна врата се наоѓа на северната страна. Храмот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и христијанските селски гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над влезната порта од дворот на црквата. Нејзиниот горен дел, сместен над влезната порта од дворот, е ограден.

Галерија

Поврзано Гостирашки манастир Црква „Св. Петка“ - Гостиражни Стровија Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Гостиражни Гостиражни