Свети Никола – главна селска црква во селото Небрегово. Сместена е на влезот од селото, непосредно по завршувањето на патот кој води од соседното село Дупјачани.
Историја Црквата била изградена во 1882 година.„Црква „Свети Никола“, село Небрегово“. OldPrilep. 14 мај 2012.
Архитектура Градбата на црквата е еднокорабна, полукружно засводена, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со седум слепи ниши. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е прикажан Свети Никола. Храмот има и спореден влез на јужната страна, а над него исто така има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е насликан Архангел Михаил. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Во јужниот ѕид од надворешната страна на црквата е вѕидана мермерна плоча со релјефна претстава на Атина и Херкул. Пред црквата се наоѓа фрагментиран столб.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа. Изградена е од камен и на секоја страна има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на источната страна.
Галерија
Поврзано Селска Црква — археолошко наоѓалиште Небреговски манастир Црква „Св. Јован Крстител“ - Небрегово Небрегово Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Варошка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Небрегово Небрегово