Дреновечки манастир — манастир во средишниот дел на Македонија, на јужните падини на планината Бабуна, во близина на селото Дреновци.

Историја Манастирот бил изграден со подигнувањето на манастирската црква веројатно во XVII век.„Манастир „Свети Атанасиј“, село Дреновци“. OldPrilep. 27 мај 2013.

Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти. На карпи над доворот од манастирот се издига и метален крст, а зад манастирот има и стар гроб.

Црква „Свети Атанасиј“

Според своите димензии, архитектурниот стил и живописот, црквата се проценува дека била изградена во XVII век. Таа е еднокорабна со правоаголна основа и се одликува по тоа што олтарскиот простор во источниот дел претставува засебен дел со помали димензии и има мала полукружна апсида на источната страна.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дреновци Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија