Демир Капија — седло и планински превој на планината Беласица. Сместено е на височина 1.686 м на главното било, западно од највисокиот врв Радомир и источно од врвот Лозен. Низ седлото минува Државната граница меѓу Бугарија и Грција, односно границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија.
Сè почетокот на XX век низ Демир Капија поминувал кираџиски пат, кој го поврзувал Петричкото со Серското Поле. Одовде во 1014 г. минувал обиколниот пат по кој византискиот војсководец Никифор Кисифиј ја повел својата војска, наснесувајќи му го судбоносниот задгрбен удар на царот Самоил во Беласичката битка.Васил Златарски. „История на българската държава“. т. I, ч. 2, с. 697 и бел. 61. (изд. София 1971) Местото е познато по тоа што на 19 октомври 1925 г. тука започнал познатиот Петрички инцидент помеѓу грчките и бугарските власти. За време на Студената војна седлото е минирано од грчка страна. За време на т.н. „Преродбенички процес“ на НР Бугарија превојот е преименуван во „Железна Врата“ (Железни врата),Беласица. Туристическа карта М 1:50000, Картография ЕООД, София, 2006. но името не било прифатено од мештаните и посетителите.
Главно пристапно место за искачувањето на Демир Капија е селото Димидово (денес Самуилово), од каде започнува означена планинарска патека преку која до седлото се стасува за 4 часа. Од истото село до превојот води и каминскиот пат долг 18 км кој до месноста Лопово е чакалосан.
Поврзано Беласичка битка Петрички инцидент Демир Капија — истоимен град во југоисточна Р Македонија
Наводи
Категорија:Беласица Категорија:Планински превои во Пиринска Македонија Категорија:Планински превои во Егејска Македонија Категорија:Бугарско-грчка граница Категорија:Општина Петрич Категорија:Синтика