Ки́ев (украински: Київ; руски: Киев) — главен и најголем град во Украина, кој се наоѓа во северниот средиштен дел на земјата, по течението на реката Днепар. Населението на градот според пописот од 2001 година е 2.611.300. Сепак, според печатот, денеска овој број е поголемThe most recent Ukrainian census, conducted on December 5, 2001, gave the population of Kiev as 2611.3 thousand (Ukrcensus.gov.ua – Kyiv city Web address accessed on August 4, 2007). Estimates based on the amount of bakery products sold in the city (thus including temporary visitors and commuters) suggest a minimum of 3.5 million. "There are up to 1.5 mln undercounted residents in Kiev", Korrespondent, June 15, 2005. .
Киев претставува важен индустриски, научен, образовен и културен центар на Источна Европа. Градот е дом на голем број светски компании, високообразовни институции и светски познати знаменитости. Градот има висока инфраструктура и високо развииен систем за јавен превоз, вклучувајќи го и Киевското метро.
Името на градост се смета дека потекнува од Киј, еден од трите браќа кои го основале градот. Во текот на својата историја, Киев опстојувал како еден од најстарите градови во Источна Европа. Најверојатно, градот постоел пред 5 век и претставувал трговски центар, како и место кое претставувал трговски град помеѓу Скандинавија и Цариград. Градот бил престолнина на Киевска Русија, за да во 1240 година биде целосно разрушен во времето на монголската инвазија. Во сладните векови, градот го изгубил своето значење и станал провинцијален град во рамките на Големото Литванско Војводство, Кралството Полска и Руската Империја.
Градот значително започнал да се развива кон крајот на 19 век во рамките на Руската Империја. Во 1917 година, откако Украинската народна република прогласила независност, градот станал престолнина на новата држава. Во 1921 година, Киев станал дел од Советскиот Сојуз, и престолнина на Украинска ССР од 1934 година. Во текот Втората светска војна, градот бил значитењлно разрушен, за да по војната повторно биде целосно обновен. По распадот на Советскиот Сојуз и добивање на украинската независност од 1991 година, Киев станал главнен град на Украина.
Историја
мини|десно|200п|Христијанизација на Киевска Русија мини|десно|200п|Киев во 1890 година
Киев е еден од најстарите градови во Источна Европа и одиграл голема улога во развојот на средновековната источнословенска цивилизација, како и во современата украинската нација.
Се смета дека градот бил основан во 482 п.н.е. За потеклото на градот постојат неколку легенди. Според една легенда, градот бил основан од страна на водачот на едно племе, кој се викал Киј, заедно со неговите браќа и сестра. Сепак, во практика не се знае кога точно бил основан градот. Се смета дека на територијата на денешниот град Киев постоела словенска населба од 6 век, но не е познато нејзиниот развој. Во 8 век биле изградени првите утврдувања во една населба која била напуштена претходно. Денеска не е познато дали ова утврдување било изградено од страна на Словените или Хазарите. Доколку тоа било изградено од словенските народи, тогаш не е познато кога градот паднал во рацете на Хазарите. Главен извор на информации за раната историја на областа потекнува од началникот Асколд. Како и да е, денеска од страна на поголемиот дел на историчари е потврдено дека градот во текот на 8 век или почетокот на 9 век бил под власта на Хазарите. Една тврдина, која се нарекувала Самбат (високо место) била изградена за одбрана на областа. Во текот на доцниот 9 век, градот паднал под власта на Варагинците, станувајќи еден од главните центри на Рус, подоцна Киевска Рус. Заземањето на градот станало од страна на Асколд, а подоцна со него управувал Олег.
Златната доба на градот се случила во времето на Киевска Рус. Во 968 година, Печенегите го ставиле градот под опсада. Периодот на развој на градот се случило во времето на кнезовите од Владимир. На 8 март 1169 година градот бил разрушен од страна на Андреј Богољубски, при кое се случил голем грабеж на црквите и манастирите. Киев за долго време ја изгубил значајноста во земјата, на сметка на големите центри како Владимир, Новогород и Москва. Градот во 1230-тите бил на неколкупати ограбуван од страна на неколку кнезови. Во 1240 се случила инвазијата на монголците предводени од Бату Хан, кој целосно го разрушил Киев, настан кој имал големо влијание за иднината на градот и источната цивилизација. Пред да биде разрушен, градот бил познат како еден од најголемите во светот, со население од 100.000 луѓе.
мини|десно|200п|Киев во доцниот 19 век
Во почетокот на 1320-тите, литванските војски предводени од Гедимин успеал да ги порази словенските војски предводени од Станислав Киевски кај реката Ирпин, и со тоа да го освои градот. Во 1324 година пак, градот повторно бил ограбен од страна на Татарите, па така литванскиот принц морал да плаќа данок на Златната орда. Во 1362 година, Киев и околните области биле вклучени во составот на Големото Литванско Војводство. Во 1569 година, со основањето на Полско-литванската Државна Заедница, Киев станал главен град на новоформираното Киевско војводство. Во 1658 година градот требал да стане престолнина на Унијата на трите народи, но договорот не бил ратификуван.
Во 1667 година градот станал дел од Царство Русија. Во рамките на империјата, градот бил еден од најголемите христијански центри, но неговото значење останало маргинално. Во текот на 18 век и 19 век, градот бил управуван од страна на руските воени и црковни власти, а Руската православна црква играла голема улога во градот. Во доцните 1840-ти, Никола Костомаров основал тајно друштво кое се викало Братството на Свети Кирил и Методиј. Членовите на таа група ја предлагале идејата за федерација на земјата каде Украинците би се сметале за посебен народ и нема да бидат потчинети од страна на рускиот народ.
Во времето на Руската индустриска револуција од крајот на 19 век, Киев станал важен трговски и транспортен центар на Руската Империја, познат по производство на шеќер и жито, кои биле извезувани преку реката Днепар. Во 1900 година, грасот станал исто така и индустриски центар, чие население броело околу 250,000 жители. Во текот на тој период биле изградени неколку знаменитости на градот, голем дел од железничката инфраструктура, а исто така биле изградени и неколку образовни и културни објекти како и значајни архитектонски споменици.
мини|десно|200п|Рушевини од градот за време на Втората светска војна
Така, градот станал трет најзначаен град во рамките на Руската Империја. Во периодот на Руската револуција, Киев станал главен град на неколку краткотрајни држави. За многу краток период, градот бил опфатен со Првата светска војна, Руската граѓанска војна и Полско-советската војна.
Започнувајќи од 1921 година, градот станал дел од Украинска ССР. Во текот на 1934 година, престолнината на земјата била префрлена од Харков во Киев. Градот во тој период значително се развил. Бројот на населението се зголемило, биле создадени неколку индустриски гиганти, но од друга страна во времето на т.н. Голема чистка градот загубил едни од најголемите интелектуалци.
Во Втората светска војна, градот повторно претрпел значителна штета, и бил окупиранл од Нацистичка Германија од 19 септември 1941 до 6 ноември 1943 година. Непосредно откако градот бил окупиран, офицерите од НКВД поставиле динамити околу објектите улицата Крештатик, каде се наоѓала голема германска војска. Така, зградите изгореле за неколку дена, а 25,000 луѓе останале без покрив над главата. Во знак на одмазда, Германците ги уапсиле сите локални евреи, кои биле масакрирани на Бабин Јар.
Во поствоенио период, градот повторно започнал да се гради од почеток, станувајќи повторно трет најзначаен град во Советскиот Сојуз. Катастрофалната несреќа во Чернобил се случила на само 100 километри од градот, пренесувајќи го радиоактивното зрачење.
По распадот на комунизмот и со изгласувањето на Декларацијата за независност на Украина, градот бил прогласен за престолнина на новата украинска независна држава.
Градски пејзаж
Модерниот Киев претставува мешавина од старата и новата архитектура. Градот доживеал голем раст на населението во текот на 1970-тите и во текот на 1990-тите.
Најпозната историска и архитектурна градба во градот е катедралната црква Света Софија и Киевско-печерската лавра. Овие два комплекса се вклучени во спосокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.
Други значајни историски градби ја вклучуваат Мариинскиот дворец како и неколкуте православни цркви како црквата Свети Михаил, црквата Свети Андреја и црквата Свети Владимир, како и Златната порта.
Едно од модерните обележја на градот е статуата пред Националниот музеј на историјата на Украина во Втората светска војна, Химерскиот дом и Плоштадот на независноста. Значајни архитектонски згради и градби
Животна средина Географија
Географски, Киев припаѓа на полешката еколошка зона (дел од европските мешани шуми).
Киев се наоѓа на двете страни на реката Днепар, која тече на југ низ градот кон Црното Море. На постариот дел од градот (западниот) се наоѓаат неколку ридови, долини и мали реки. Киев во текот на својата историја значително се расширил кон денешниот источен дел од градот.
Киев има влажна континентална клима. Најтопли месеци во годината се јуни, јули и август, со температури од 13,8 до 24,8 °C. Најстудените месеци се декември, јануари и февруари, со температури од -4.6 до -1.1 °C. Највисоката температура во градот била измерена на 31 јули 1936 година и истата изнесувала 39.4 °C. Најниската температура во градот била измерена на 7 февруари 1929 година кога изнесувала -32,2 °C.
Управување Владини институции
Во престолнината на Украина се наоѓаат најважните институции од централната законодавна, извршна и судска власт. Во градот се наоѓаат: Претседателската администрација на Банковата улица Парламентот на Украина (Врховна рада) Владата на Украина Уставниот суд Врховниот суд на Украина
Градски институции
Согласно член 133 од Уставот на УкраинаКонституція України| від 28 јуни 1996 № 254к/96-ВР (Стор. 1 з 3), градот Киев како главен град на земјата има специјален статус, кој е дефиниран со Законот за главниот град на УкраинаПро столицю України — місто-герой Київ| від 15 јануари 1999 № 401-XIV.
Главното седиште на општината се наоѓа во Киевскиот градски совет. Како резултат на последните избори кои биле одржани на 25 мај 2008 година, Леонид Черноветски е моменталниот градоначалник на градот.
Административна поделба
Прватапозната формална поделба на градот датира од 1810 година, кога градот бил поделен на чтири делови: Печерски реон, Старокиевски реон, Прв Подолски реон и Втор Подолски реон. Во 1833-1834 во согласност со декретот цар Николај I Киев бил поделена во шест реони, за да подоцна тој број се зголеми на десет. Од 1917 година градот бил поделен на осум реонски совети.
Во текот на советското време, градот значително се проширил заедно со бројот на жителите кои се зголемил. Со тоа се зголемиле и бројот на реони, чии имиња најчесто биле наименувани според советските партиски водачи.
Последната административна поделба била спроведена во 2001 година, кога бројот на реони бил намален од 14 на 10 реони.
Територијална организација на Киев
Во градот Киев има 10 општини (реони): РеонНаселениеПовршина Десниот брег на Днепар:Холосеевски реон 213 илј. 5,6 илј. хек.Печерски реон 131 илј. 1,96 илј. хек.Подолски реон 182 илј. 3,4 илј. хек.Оболонски реон 308 илј. 11 илј. хек.Светошински реон 320 илј. 10,1 илј. хекСоломенски реон 305 илј. 4 илј. хекШевченковски реон 234 илј.2,7 илј. хекЛевиот брег на Днепар:Дарницки реон 244 илј. 13,3 хек.Днепарски реон 342 илј. 14,8 хек.Десњански реон 334 илј. 6,67 хек.
Неформална поделба