Светската конференција за човекови права била одржана од Обединетите нации во Виена, Австрија, од 14 до 25 јуни 1993 година. Тоа била првата конференција за човекови права што се одржала по крајот на Студената војна. Главниот резултат на конференцијата била Виенската декларација и програма за акција (ВДПА).
Заднина Иако Обединетите нации веќе долго време биле активни во областа на човековите права, Виенската конференција била само втора глобална конференција која се фокусирала исклучиво на човековите права, при што првата била Меѓународната конференција за човекови права што се одржа во Техеран, Иран во текот на април-мај 1968 година по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од Универзалната декларација за човекови права.
Конференција На Светската конференција за човекови права учествувале претставници на 171 нација и 800 невладини организации, со вкупно околу 7.000 учесници. Ова конференција е најголемиот собир за човекови права досега. Таа била организирана од експертот за човекови права Џон Пејс.
Резултати Клучен резултат на Светската конференција за човекови права била Виенската декларација и програма за акција, која била формулирана доцна на состанокотBoyle, "Stock-Taking on Human Rights", p. 81. и била усвоена со консензус на 171 држава на 25 јуни 1993 година.
Наводи
Категорија:Човекови права