Калцитриолот — хормон кој се лачи од бубрезите. По хемиски состав е 1,25-дихидроксихолекалциферол (скратено 1,25-(OH)2D3). За неговата синтеза е неопходен калциферол (витамин D3). Тој дејствува на:
клетките од тенкото црево, со што ги поттикнува на поинтензивна апсорпција на калциум од храната коските, при што го мобилизира калциумот од коската во крвта
Недоволното лачење на калцитриолот предизвикува абнормално разградување на калциумот во коските. Во детството, ова е причина за деформитетите на коските. Кај возрасните се манифестира со ослабување на коските, појава позната како остеомалација.
Категорија:Хормони Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Витамин Д Категорија:Секостероиди