Дорат или дорија – коњ чија боја на крзното на телото е кафеава со црна грива, опашка, рабови на ушите и долниот дел на нозете. Доратите се најчести кај многу раси на коњи.
Без црните делови на крзното, коњот не може да се смета дека е дорат. Црните делови понекогаш може да бидат покриени со бели обележја кои сепак не ја менуваат класификацијата дека коњот е дорат. Доратите имаат темна кожа освен под белите обележја, каде кожата им е розова. Генетски, дорат се јавува кога коњот го носи агути генот и црно основно крзно. Додавањето на други гени создава други бои на крзната. Додека основните концепти за бојата на доратите се прилично едноставни, самите гени и механизмите кои предизвикуваат варијации на сенките кај семејството на доратите, се доста сложени и понекогаш се тема на расправа.
Дории во македонското народно творештво Спремај ми, спремај либе коња доријаКирил Манчевски - Спремај ми, спремај либе, коња дорија на Јутјуб
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Коњи