Десетти декември (англиски: Tenth of December) - збирка раскази на американскиот писател Џорџ Сондерс. Расказите се напишани во периодот од 1995 до 2009 година, a книгата е објавена во 2013 година. мини|Сондерс во 2007 г. Содржина Збирката се состои од 10 раскази:Džordž Sonders, Deseti decembar. Beograd: Laguna, 2019. Победнички круг Стапови Кученце Бегство од Пајаковата Глава Опомена Ал Рустен Дневник за Семплика девојките Дом Мојот витешки фијаско Десетти декември

Осврт кон делото Расказите во збирката „Десетти декември“ почнуваат како експерименти, навидум како сложени игри со јазикот и со формата, но се секој натамошен ред му се откриваат на читателот и се поедноставуваат до границата на параболата. Оваа книга е една од најзначајните збирки раскази објавени во 2010-тите. Главните ликови во расказите најчесто се наоѓаат на чекор од пропаста и од смртта. Меѓутоа, клучната поента во нив е - да се прават добри работи при што семејството и општеството ја претставуваат потпората. Тој применува раскажувачка постапка во која возбудливата јазична игра постепено стивнува, а низата од сложени слики се раствора за читателот да остане сам со јунаците и со нивниот конечен избор. Притоа, текот на свеста е главната наративна техника во расказите на Сондерс при што дијалогот редовно преминува во монолог. Истовремено, постои јасна разлика меѓу она што го преокупира авторот и набројувањето на предметите кои тој ги гледа. Во лавината од зборови, во испреплетеноста на внатрешните и надворешните гласови, дејството го придвижуваат прашањата поставени на самиот себе. Многубројните прашања во расказите упатуваат на бројни преиспитувања.„Mića Vujičić, Oluje milosti Džordža Sondersa“, во: Džordž Sonders, Deseti decembar. Beograd: Laguna, 2019, стр. 239-246.

Наводи

Категорија:Дела на Џорџ Сондерс Категорија:Американски збирки раскази Категорија:Книги од 2013 година