Аврам Балабан (Балабаноглу, Балабанидис), (, – , ) — хирург и гинеколог. Важел за добар лекар како и хуманист бидејќи работел во болницата за сиромаси „Гураба Хаста Ханести“.

Животопис Аврам Балабан завршил медицина во Цариград во 1890 година и станал „доктор по медицина и хирургија. По дипломирањето прво работел во Созопол (Бугарија), а набрзо бил поставен за општински доктор во Охрид. Оттаму својата успешна кариера д-р Балабан ја продолжил во Струга, Приштина, Елбасан и од 1899 (или 1901) година во Битола. Во Битола во посебна зграда во дворот на својата куќа, д-р Балабан отворил приватно прифатилиште со неколку болнички соби, ординација и операциона сала. Исто така отворил аптека во близина на Јени амам (кај Дрвен пазар). За време на Балканските војни активно учествувал во сузбивањето на една од катастрофалните епидемии во тоа време, пегавиот тифус. Оваа болест го заразила и него и тој починал од истата.

Неговиот внук Диогенис Валаванидис е виден српски општественик.

Наводи

Категорија:Лекари