Нов Леон или Нуево Леон () – сојузна држава во Мексико. Се наоѓа на север на земјата. Има површина од 64.924 км2 и 5.119.504 жители (податок од 2015 година).
мини|лево|200п|Монтереј
На исток се граничи со државата Тамаулипас, на југ со државите Закатекас и Сан Луис Потоси, и со Коавила на запад. Нов Леон има и 15 километра граница со американската сојузна држава Тексас.
Главен и далеку најзначаен град во Нов Леон е Монтереј. Државата била формирана во 1824 година.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Држави и територии настанати во 1824 година Категорија:Сојузни држави во Мексико Категорија:Нов Леон