Спокој (англиски:Serenity) — американски филм од 2019 година, напишан, продуциран и режиран од Стивен Најт. Главните улоги во филмот ги играат Метју Меконахи, Ен Хатавеј, Дајана Лејн, Џејсон Кларк и Џимон Хансу.
Бејкер Дил (Метју Меконахи) е капетан на рибарски брод, кој работи и како водич на мирниот тропски остров Плимут. Неговиот мирен живот се превртува наопаку кога неговата поранешна сопруга Керен (Ен Хатавеј) го наоѓа и очајнички го моли да ѝ помогне. Таа го моли Дил да ја спаси нејзе и нивниот мал син од нејзиниот нов, насилен сопруг (Џејсон Кларк) со тоа што ќе го земе на рибарска екскурзија и ќе го фрли на ајкулите. Појавувањето на Керен го враќа Дил во животот што се обидува да го заборави, па додека се бори со сопствената морална дилема, неговиот свет е втурнат во нова реалност, којашто можеби не е таква каква што изгледа.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Трилери Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Американски филмови