мини|260x260пкс|Споменикот на зајдисонце Национален споменик на Виктор Емануел II (итал. Monumento Nazionale a Vittorio Emanuele II), „Олтар на татковината“ (Altare della Patria) или „Виторијано“ — споменик во чест на Виктор Емануел, првиот крал на обединета Италија. Се наоѓа во Рим, Италија, меѓу Пјаца Венеција и ридот Капитол. Споменикот е дело на Џузепе Сакони, проектирано во 1895. Бил официјално претставен во 1911 и завршен во 1925.
Споменикот е изграден од чист бел мермер и содржи прекрасни скали, високи коринтски столбови, фонтани, голема скулптура на Виктор Емануел на коњ и две статуи на божицата Викторија како јава на квадриги. Структурата е широка 135 метри и 70 метри висока. Ако се сметаат и квадригата и крилатите победи, достигнува висина до 81 метар.
Споменикот го содржи гробот на незнајниот војник со вечен оган, изграден под статуата на Италија по Првата светска војна. Основата на структурата исто така вклучува и музеј на обединувањето на Италија.
Споменикот бил контраверзен бидејќи со неговата изградба се уништил голем дел од ридот Капитол со средновековната област. Самиот споменик често се смета за преголем и прераскошен. Јасно се гледа од голем дел од Рим иако има коцкеста форма и нема купола или кула. Споменикот исто така е блескаво бел, упадлив меѓу претежно кафеникавите згради од околината. Заради пренатрупаната конструкција носи неколку навредливи прекари. Римјаните некогаш го нарекуваат „свадбената торта“ и „лажните заби“, додека американците кога го ослободиле Рим во 1944 го нарекле „машина за пишување“, прекар прифатен и од месното население. И покрај сите критики, споменикот привлекува голем број на посетители. Се појавува
Наводи
Надворешни врски Maps and aerial photos - Google Maps Il Vittoriano - Quirinale, residence of the Head of State
Категорија:Знаменитости во Рим Категорија:Згради и градби во Рим Категорија:Олтари