Мансите (мансиски: Мāньси / Мāньси мāхум, Манси / Манси махум) се угриско домородно население кое живее во Ханти-Мансија, еден автономен округ во Тјумењската област во Русија. Во Ханти-Мансија, хантискиот и мансискиот јазик имаат заеднички службен статус со рускиот. Мансискиот јазикот е еден од постулираните угриски јазици на уралското семејство. Мансите порано биле познати како Вогули ().
Заедно со Хантите, Мансите се политички претставени од Здружението за зачувување на Југра, организација основана за време на Перестројката од крајот на 1980-тите. Оваа организација ббила меѓу првите регионални домородни здруженија во Русија.
Демографија + Население на Мансите според пописот од 2002 г. ]</sup> Вкупно Мажи Жени Вкупно 11.432 5.167 6.265 Тјумењска Област 10.561 4.786 5.775 * Ханти-мансиски Автономен Округ 9.894 4.510 5,384 Свердловска Област 259 130 129 Република Коми 11 8 3 Според пописот од 2010 година, во Русија имало 12.269 Манси.
Историја Предците на Мансите ги населувале областите западно од Урал. Наоѓалишта на Манси биле откопани во околината на Перм.
Во првиот милениум п.н.е., тие се преселиле во Западен Сибир, каде се асимилирале со домородните жители. Според други, тие потекнуваат од јужниот дел на уралските степи и се преселиле на нивната сегашна местоположба околу 500 н.е.
Мансите биле во контакт со руската држава барем уште од 16 век кога поголемиот дел од западен Сибир бил доведен под руска контрола од страна на Јермак Тимофејевич. Поради нивната поголема изложеност на руска и советска контрола, тие генерално биле повеќе асимилирани од нивните северни соседи, Ханти .
Според легендите, Мансите имале јавано лосови (евроазиски елен) во борба, иако не постои историски доказ за тоа.
Познати Манси
Матрена Вахрушева (1918–2000), јазичар, филолог, писател; со-писател на првиот манско-руски речник Јуван Шесталов (1937–2011), писател Сергеј Собјанин (р. 1958), градоначалник на Москва Руслан Проводников (р. 1984), боксер Сергеј Устиугов (р. 1992), крос-кантри скијач
Надворешни врски
Мансите Прва посета на д-р Габор Секели кај Мансите Втора посета на д-р Габор Секели кај Мансите Историјата на Мансите
Наводи
Категорија:Народи во Русија