Величко Димитров Керин, повеќе познат по неговите псевдоними Владо Черноземски, Владо Шоферот и Петар Келеман (Велинград, 19 октомври 1897 — Марсеј, 10 октомври 1934) — истакнат револуционер и терорист од Бугарија. Член и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација (Автономисти). Одговорен за атентатот на Александар I Караѓорѓевиќ, тогашен крал на Кралството Југославија, во 1934 година.Историската политика и историските "ремек-дела” во Македонија пред и по 1991 Стефан Троебст, Лајпциг Виолета Ачкоска и Никола Жежов, „Предавствата и атентатите во македонската историја“. Издателство Макавеј, Скопје, 2003Борис Гърдев. „Марсилският атентат сваля правителството на Кимон Георгиев“ Литернет, 6 септември 2003, Бр. 9 (46)„Сръбскиятъ краль убитъ!“, The Macedonian Tribune, Vol. VIII, Number 399, October 11, 1934„Пълни подробности по убийството на сръбския краль Александъръ“, The Macedonian Tribune, Vol. VIII, Number 101, October 25, 1934Митре Стаменов. „Атентатът в Марсилия. Владо Черноземски. Живот, отдаден на Македония“, София, 1993. Учесник во ликвидирањето на Димо Хаџи Димов и Наум Томалевски.Collier's Encyclopedia, with Bibliography and Index by William Darrach Halsey, Emanuel Friedman P.F. Collier 1986, page 725: ...Operatives of the Macedonian terrorist organization IMRO assassinated Stamboliski's close adviser Alexander Dimitrov...The Turning Point: The Assassination of Louis Barthou and King Alexander I of Yugoslavia by Allen Roberts, St. Martin's Press 1970, page 35: ...Pavelich had had many conferences with the leaders of the IMRO, a Macedonian terrorist organization also subsidized by Italy. IMRO bands staged many raids...A History of Fascism, 1914 – 1945 by Stanley G. Payne, Routledge 1996, page 406: ...Pavelic and his followers eventually decided to strike down the head of state. In collusion with IMRO, the Macedonian terrorist organization, three Ustashi agents were the direct accomplices of the IMRO assassins who murdered King Alexander and the French foreign minister in Marseilles in October 1934...No End to War: Terrorism in the Twenty-First by Walter Laqueur, Continuum International Publishing Group 2004, page 20: ...Hovever, the Balkans have a long tradition of terrorism in which the Macedonian Revolutionary Organization (IMRO) played a leading role as well as Croat Ustasha...fHistory of the Balkans by Barbara Jelavich, Cambridge University Press 1983, page 208: ...With the assistance of the army and the moderate wing of IMRO, the government was able to disband the terrorist organization; its leader, Ivan Mihailov fled...
Животопис Потекло и рани години Величко Димитров Керин е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес населба на Велинград. Во тоа време градот бил под делокруг на Кнежевството Бугарија. Неговото семејство имало потекло од Разлошко. Стекнал основно образование во неговото мајчинско село. Од млада возраст бил алкохоличар. Но подоцна се откажал и станал вегетаријанец. Служел како војник во Пловдив и учествувал во Првата светска војна. Ослободен бил од воена служба во 1919 година. Во 1920 година се оженил и во 1923 година се родила неговата ќерка Латинка. Две години подоцна се разведил.
Револуционерна дејност Во почетокот на 1920-тите се преселил во Банско каде почнал да соработува со Тодор Александров. Во 1922 година се приклучил во Внатрешната македонска револуционерна организација (Автономисти). Се приклучил во четата на Иван Брло и подоцна Трајан Лакавишки. Четнички дејствувал во Штипско, Кочанско и Радовишко. Учествувал во околу 15 престрелки со полицајци од Вардарска Македонија. Станал познат како еден од најдобрите стрелци на организацијата. Во 1924 година се преселил во Софија под наредба од Александров. Таму блиску соработувал со ЦК на ВМРО (Автономисти).мини|десно|300п|Четата на Трајан Лакавишки, втор од лево е Владо Черноземски. Атентаторство После убиството на Тодор Александров, Иван Михајлов бил новиот претседател на организацијата. Михајлов му дадол задача на Черноземски да го ликвидирал Димо Хаџи Димов.
Хаџи Димов за време на денските часови на 13 септември разбрал за убиството на Славчо Ковачев, негов пријател и сомисленик, за кој акт тој искоментирал дека повторно започнале физичките истребувања во македонското револуционерно движење и изразил жалење за таквата состојба. Димо Хаџи Димов се упатил кон кафеаната Галик за да се запознае со подробности околу убиството на Ковачев. На улицата Пиротска тој бил пречекан од Владо Черноземски, кој со неколку револверски истрели го соборил на земја, а за да се осигури во неговата смрт се наведнал над трупот на жртвата и пукал уште двапати. Во 1924 година Софискиот окружен суд го осудува на смрт со бесење, но пресудата не е извршена, а во 1925 година Черноземски бега од полицијата.
Неговата пожртвуваност во името на македонската кауза кај него се граничела со фанатизам. Во 1927 година тој изјавил дека е подготвен да организира напад во салата за седници на Друштвото на народите, со цел да го сврти вниманието на Светската организација за судбината на македонското население, но неговиот предлог не бил прифатен.
Во 1930 година го ликвидирал Наум Томалевски, еден од водачите на Протогеровистите. Черноземски по вторпат е осуден на смрт, поради убиството на Томалевски, но во 1932 година тој бил помилуван поради блиските односи на Иван Михајлов со бугарските власти и дворот. Во меѓувреме, во 1929 година во Бугарија, на покана на ЦК на ВМРО е Анте Павелиќ. При оваа посета бил склучен договор за заедничка борба за извојување на независна Македонија и Хрватска.
Марсејски атентат
мини|десно|200п|Владо Черноземски во усташка униформа
мини|десно|200п|Александар I Караѓорѓевиќ На 19 мај 1934 година новата бугарска Влада на чело со Кимон Георгиев законски го забранила постоењето на ВМРО на Иван Михајлов, по што била растурена целата нејзина организациона мрежа на територијата на Бугарија. Поголемиот дел на нејзиното членство било уапсено, додека Михајлов заедно со Менча Карничева и неговио соработник, Петар Ацев, се засолниле во Турција. Со распуштањето на ВМРО, заинтересираните страни за тоа, посебно политичките кругови во Кралството Југославија, мислеле дека ќе престанат терористичките акции на ВМРО, посебно врз Кралството Југославија. Меѓутоа ВМРО неколку години пред нејзиното растурање, а и потоа, се поврзала со некои радикални организации во тогашната Југославија, кои се бореле против нејзиното уставно устројство и за отцепување на територии и формирање на независни држави.
На 20 април 1929 година како гости на Националниот комитет на македонските братства во Бугарија пристигнале водачите на усташката организација од Анте Павелиќ и Густав Перчец, и овде со раководството на ВМРО било разговарано за заедничка борба против српската хегемонија во Кралството Југославија, на оваа средба била донесена Декларација за создавање на независна Македонија и Хрватска, а Павелиќ и Перчец биле прунудени да заминат во илегала бидејќи властите во Белград ги осудиле на смрт Hrvoje Matković POVIJEST NEZAVISNE DRŽAVE HRVATSKE Drugo, dopunjeno izdanje Zagreb, 2002.. Во истиот тој период македонските и хрватските емигрантски организации во Америка постигнале спогодба за соработка за нивна заедничка борба против српскиот режим во Југославија. Во Женева повторно дошло до средба помеѓу Анте Павелиќ и Иван Михајлов, каде покрај разговорите за продолжување на соработката, Павелиќ настојувал да се изврши атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во содејство на усташката организација и ВМРО, меѓутоа Михајлов изразил воздржаност.
Во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле 1 000 автоматски пушки, кои биле купени од фабриката Хајнрих Фолмер. За возврат од страна на ВМРО на располагање на усташката организација и бил испратен специјалист за употреба и ракување со експлозивни материи, а како инструктор на усташките терористи во нивниот логор за обука кој бил стациониран во Јанка Пуста во Унгарија, во 1931 година отишол Кирил Дрангов. Во истото време Черноземски тајно патува за Италија, каде е назначен за инструктор во специјалниот логор на усташите во Борготаро. Соработката меѓу двете организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во Горна Џумаја, на Големиот собор на македонската емиграција што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија и се обратил и пратеникот од усташката емиграција со поддршка на таа идеја - Марко Дошен. Во 1932 г. Черноземски е испратен за инструктор во базата во Јанка Пуста. Сите овие околности во непосредното опкружување на Југославија говореле дека овие две организации се подготвувале за некоја крупна вооружена акција. мини|лево|200п|Лажниот пасош на Владо Черноземски На 9 октомври 1934 година во Истанбул, Турција, во домот на бугарскиот митрополит Андреј Велички, по ручекот излегле на терасата за да го испијат попладневното кафе, митрополитот и водачот на распуштената ВМРО, Иван Михајлов. Некаде околу 16 часот, Михајлов погледнал на часовникот и изјавил: Во овој момент ќе се случи нешто, коешто ќе биде фатално за човештвото! Започна ново броење на годините. Се начнува календарот на...Втората светска војна!Петьр Япов,Пьтуване из дневниците на митрополит Андрей,глава на задграничната Бьлгарска православна цьрква,Ню Юрк,1937-1972,Марскилският атентат с участието на Ванчо Михайлов и ВМРО 9 октомври.
Михајлов му објаснил на бугарскиот митрополит дека бил испланиран атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ и дека во тој момент веќе бил убиен во францускиот град Марсеј. Михајлов понатаму дообјаснил дека зад атентатот стоел не само ВМРО, туку и Германија и некои други земји, коишто не ги посочил. Следното утро митрополитот Андреј Велички побрзал да ги купи сите можни весници коишто ги имало во Истанбул. На насловните страни митрополитот го видел и прочитал сето она што претходниот ден му го имал навестено неговиот гостин.
Во октомври 1934 година француската влада го очекувала пристигнувањето на југословенскиот крал Александар во неговата прва официјална посета на Франција. На 9 октомври паробродот Дубровник пристигнал во пристаништето во Марсеј. На палубата на југословенскиот параход се качила француската делегација, која му посакала добредојде на кралот Александар. Југословенскиот крал на брегот бил пречекан од страна на францускиот министер за надворешни работи Луј Барту.
По официјалниот пречек, кралот Александар се качил во подготвениот автомобил за таа цел, до него седнал министерот Барту, а на едно од седиштата на автомобилот седнал и генералот Жорж. Во другиот автомобил се возеле југословенскиот министер за надворешни работи Јефтиќ и францускиот министер Пиетри, позади коишто следувала кралската придружба и луѓето што го организирале дочекот. Југословенската кралица Марија поради тоа што страдала од морска болест кон Франција патувала со воз. Пред посетата на југословенскиот крал службата за државна безбедност на Франција добила анонимно писмо, во кое пишувало дека Александар ќе биде убиен во Франција. Шпекулациите за можниот атентат ги подгреале и натписите во париските весници Пари-миди и Пари-соар, кој на денот на посетата пишувале дека врз југословенскиот крал се подготвувал атентат од страна на терористички организации на хрватската емиграција. Меѓутоа поголемиот број од релевантните безбедносни фактори во Франција не ги сфатиле за сериозно овие закани. лево|мини|150п|Луј Бартумини|350п|десно|Атентат на кралот Александар Посетата започнала со бавно придвижување на поворката среде толпата, која се создала за да го види високиот гостин од Југославија.