Игор Дурловски (р. во Битола) — македонски оперски пејач и поранешен пратеник.
Кариера Студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена. Неговото деби го имал во 1999 година, а меѓу бројните улоги на оперската сцена, Дурловски ги изведувал репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.
Еден период живеел во Германија. До 2004 година пеењето го усовршувал кај своевремено најпознатиот светски бас, Бугаринот Николај Ѓауров.
Во 2004 година, тој станал дел од новите продукции на Виенската камерна опера. Тој бил дел од изведбата на Бетовеновата „Деветта симфонија“, Моцартовиот „Реквием“, Вердиевиот и Моцартовиот „Реквием“, 14-та Симфонија на Шостакович, Радомировиот Псалтир на Димитрије Бужаровски, ораториумот Клименту од Властимир Николовски, Симфонијата Зима од Ристо Аврамовски и други. Забележливи се и неговите гостувања на реномираниот фестивали Охридско лето.Се врати на Охридско лето
Оженет е со оперската пејачка Ана Дурловски, со која во 2019 година ја отвориле „Академија Дурловски“.
Упад во Собранието на Македонија (2017)
Дурловски бил меѓу организаторите на протестите по парламентарните избори во декември 2016 година. На 27 април 2017 година, демонстрантите упаднале во Палатата на Собранието на Македонија додека новото мнозинство избирало претседател на Собранието. Во ноември, Дурловски бил уапсен, заедно со најмалку 30 лица, под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.Уапсен Дурловски Следниот ден, неколку стотици луѓе, заедно со високи членови на партијата на ВМРО ДПМНЕ, протестирале пред Кривичниот суд во Скопскиот суд барајќи итно ослободување на сите приведени. По апсењето, се одржале неколку формални и неформални симболични протести, во Македонија и во странство, со кои се барало негово ослободување од притвор. На 15 март 2019 година, Судот изрекол затворски казни за 16 лица вклучени во упадот во 2017 година, а Игор Дурловски добил ослободителна пресуда од сите обвиненија.time.mk
Наводи
Надворешни врски
Профил на Игор Дурловски на службената мрежна страница на Македонска опера и балет
Категорија:Политичари од Битола Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Македонски пратеници Категорија:Апсолвенти на Факултетот за музичка уметност - Скопје Категорија:Македонски затвореници и притвореници