Зодерсторф () — општина во округот Линебург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Во негова близина се наоѓаат истоимените праисториски гробишта наречени „Некропола Зодерсторф“.
Географија Местоположба
Зодерсторф се наоѓа на реката Луе, во средината на природниот парк Линебуршко Поле.
До општинската реформа во 1972 година постоеле општините Равен, Ролфсен и Зодерсторф. Оттогаш, општината била придодадена кон општинската заедница Залцхаузен и со тоа кон округот Харбург. Во 1974 година по силни протести била повторно вратена на округот Линебург и оттогаш припаѓа на општинската заедница Амелингхаузен.
Општински единици
Општината Зодерсторф се состои од следниве единици:
Зодерсторф Равен Ролфсен Швиндебек Тансен
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Линебург (округ)