Национален парк Кемери () – национален парк во Латвија кој се наоѓа западно од градот Јурмала. Воспоставен во 1997 година, Кемери е најголемиот национален парк по површина во земјата, зафаќа површина од 381,65 км2. Територијата на паркот главно ја сочинуваат шуми (57%) и влажни зони (24%). Најважно е Големото Тресетиште Кемери (). Исто така има неколку езера, кои се поранешни лагуни од Литориновото Море. Езерото Каниерис е рамсарско место. Во рамките на паркот исто така се наоѓаат прочуените минерални извори и блата, кои се векови се користеле поради нивната терапевтска природа. Ова довело до развој на многу одморалишта, бањи и санаториуми во 19 век.

Екосистем мини|Диви боровинки во Националниот парк Кемери Шумите зафаќаат 57% од вкупната површина на паркот. Фрагментирана мозаична распределба на шумите не е типична за оваа територија, шумите се рамномерно распределни на целата површина на националниот парк со одредено вклучување на ливади и површини кои не се под шума. Влажните зони зафаќаат 24% од вкупната површина на Националнио парк Кемери. Блатото Лиелаис Кемери тирелис е меѓународно важно моклиште. Многу видови растенија живеат во блатото, особено мовови и орхидеи. Ливадите, сувите и влажните, заедно зафаќаат 6% од површината. Водата во облик на езера, реки, сулфурни извори и море, зафаќа 10% од територијата на паркот. Многу од излеаните водни текови биле менувани за да се исуши мочуриштето за земјоделство, сепак во водите сè уште живее мноштво ретки видови, како полжави и мушули, штркови и видри.

Птици Блатото е дом на бројни латвиски видови птици како жерав, шумска тринга и златно блатарче. За последните два вида единствено живеалиште на сортата е високото блато.

Бобинки Во блатото исто така има диви бобинки кои се јадат како The bog also contains edible wild berries such as брусница, empetrum nigrum, rubus chamaemorus и боровинки.

Растенија Блатото не е богато со разновидни растенија заради тешките услови во него како ниска хранлива содржина и ниска содржина на кислород. Следствено, флората е посебно адаптирана на овие услови. Тука се наоѓаат Eriophorum vaginatum, Calluna vulgaris, Ledum palustre, Rhynchospora alba, Andromeda polifolia, Drosera, Pinus sylvestris и Sphagnum.

Сулфурни извори Националниот парк Кемери има многу природни сулфурни извори што се должат на потслоеви од гипс и земни бактерии (Desulfovibrio desulfuricans), кои го формираат гасот H2S лесно растворлив во вода. Теравпетските минерални води и блата се користат во здравствените ресорти сместени во блискиот град Кемери, употребувани најчесто за системот за варење и кожни проблеми.

Туризам мини|Патека Кемери Националниот парк Кемери има куса (1,4 км) и долга (3,4 км) патека, кои со посматрачниците се популарни кај фотографите на изгрејсонце и зајдисонце.

Историја Формирањето на блата во Латвија почнало во постглацијалниот период, отприлика пред 10.000 години кога климата станала потопла и повлажна. Со тоа било овозможено формирање на сапропелски блата на рабовите на езерото, кои се состоеле од песоклива почва и остатоци од водни растенија и животни.

Скора историја Блатото во текот на Втората светска војна проголтало бројни тенкови бидејќи неговата длабина e како двокатна куќа.

Надворешни врски Official website Official Latvian Tourism Portal

Категорија:Национални паркови во Латвија Категорија:Заштитени подрачја во Латвија