Капа Лебед (κ Лебед, κ Cygni) — ѕвезда во соѕвездието Лебед. Има привидна величина од 3,8, што ја прави доволно сјајна за да биде видлива со голо око. Во соѕвездието, го сочинува крајот од левото крило на лебедот. На околу 5° северно од ѕвездата е малиот метеорски дожд капа цигниди.
Испитувајќи го нејзиниот спектар, покажано е дека ѕвездата е од класата G9 III, при што сјајносната класа III укажува на истрошување на водородното гориво во јадрото и ширење до степен на џиновска ѕвезда во текот на ѕвездениот развој. Исто така, познато е дека се колеба во сјајноста, но само за 0,01 до 0,02 величини. Измерениот аголен пречник на ѕвездата, по исправките за рабно затемнување, изнесува 2,07 ± 0,09 лмс. Оддалечена е 124,2 светлосни години (38,1 парсеци) согласно паралаксните мерења, што значи дека има 8–9 пати поголем полупречник од Сончевиот. Надворешната обвивка има делотворна температура од 4.920 K, што ѝ дава на ѕвездата жолтеникаво-портокалов сјај, преоден од типот G кон типот K.
Наводи
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Бајерови објекти Категорија:Флемстидови објекти 094779 181276 BD+53 2216 7328 Категорија:Жолти џинови Категорија:Можни про