Џозеф Џон Лоферски (, 7. август 1925 во Хадсон, Пенсилванија, САД - 20. јануари 1997 во Провиденс, Род Ајленд, САД) беше американски физичар и професор по инженерство на Брауновиот универзитет. Весникот „Њујорк тајмс“ го има наречено „пионир во развојот на сончевите ќелии“. Во текот на неговата долга и успешна кариера, Лоферски ги истражуваше фотоволтаичните ќелии и начинот на кои тие ја претвораат сончевата енергија во електрична струја. Тој има одржано бројни предавања и објавено многу трудови од тематиката на полуспроводниците како силициум и методите за подобрување на ефикасноста на фотоволтаичните ќелии. Трудовите на Лоферски и неговите колеги покажаа дека полуспроводничките направи може да произведат електрична струја која не загадува и е компетитивна на пазарот.

Наводи

Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Починати во 1997 година Категорија:Американци со полско потекло Категорија:Физичари Категорија:Апсолвенти на Скрантонскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Пенсилванискиот универзитет Категорија:Професори на Брауновиот универзитет