Фудбалска репрезентација на Литванија – национална репрезентација на Литванија под управа на Литванската фудбалска репрезентација (Лиетувос футболо федерација). Член е на Светската фудбалска федерација ФИФА од 1923 годин, повторно од 1992 године, а на Европската фудбалска унија УЕФА од 1992 година.

Првиот натпревар го одиграла на 24 јуни 1923 година кога изгубила од Естонија. Во 1940 година Литванија била припоена на СССР, а по осамостојувањето во 1990 година, првиот натпревар го одиграла на 27 мај против Грузија.

Најголема победа Литванците постигнале во 1995 година на Балтичкиот куп против Естонија.

Според резултатите Литванија е една од послабите фудбалки репрезентации во Европа, главно затоа што фудбалот не е најпопуларен спорт во државата. Тој случај се појавува само уште во мал број држави. Главен спорт во Литванија е кошарката, бидејќи Литванците по статистика се едни од највисоките луѓе на светот.

Репрезентацијата на Литванија до денес не учествувала на светските и европските првенства, како и на Олимписките игри.

На ранг списокот на ФИФА за јануари 2008 гоидна Литванија се наоѓала на 68. место, а на ранг списокот на УЕФА на 33. место.

Бојата на дресовите на репрезентацијат е жолта и зелена.

Досегашни тренери Бењаминас Зелкевичиус (1990 – 1991; 1995 – 1997; 2000 – 2003) Кеститус Латожа (1998 – 1999) Робертас Тауткус (1999) Стасиус Станкус (1999 – 2000) Јулијс Кведарас (2000) Алгиментас Лиубианкис (1992 – 1994 и 2003 - денес)

Попознати фудбалери Девидас Шемберас 2005 УЕФА Лига Европа со ФК ЦСКА Москва Едгарас Јанкаускас 2003 УЕФА Лига Европа и 2004 УЕФА Лига на шампиони со ФК Порто Томас Данилевичиус ФК Болоња капитен на репрезентацијата Аурелијус Скарбалиус репрезентативец со најмногу настапи

Надворешни врски

семрежно место на Фудбалскиот сојуз на Литванија

Категорија:Фудбалот во Литванија Литванија