arXiv (изг. архајв, во прев. „архив“) — складиште со отворен пристап со електронски претпечати (нарелени е-печати) одобрени за објавување по проверка, но без целосна рецензија. Се состои од семрежно достапни научни написи од полето на математиката, физиката, астрономијата, електротехниката, информатиката, квантитативната биологија, статистиката, финансиската математика и економијата. Во случајот на многу гранки на математиката и физиката, речиси сите научни трудови се самоархивираат ма складиштето arXiv.

Отопчнато е на 14 август 1991 г. и надминало половина милион написи на 3 октомври 2008 г., а кон крајот на 2014 г. веќе содржело милион. До октомври 2016 г. стапката учество достигнала 10.000 поднесоци месечно.

Поврзано bioRxiv

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Семрежни архиви Категорија:Отворена наука Категорија:Отворен пристап Категорија:Научни мрежни места Категорија:Дигитални библиотеки Категорија:Универзитет „Корнел“ Категорија:Живи луѓе